Справување со дезинформации
Експерт: Beata Zwierzynska
40-60 мин
Бесплатно
Дали знаете што се дезинформациите и кои се ризиците поврзани со нив? Како да им се спротивставите? Дезинформациите, иако се древен и моќен феномен, стануваат сѐ повлијателни благодарение на социјалните медиуми и брзината со која можат да се прошират во секој дел од светот. Тие претставуваат предизвик за демократиите, за владите, за едукативните системи и за граѓанското општество. Сега, пак, можеме да видиме како дезинформациите внесуваат страв кога станува збор за вакцините кои спасуваат животи, како ги експлоатираат тенизиите, креираат хаос и недоверба кон институциите и индивидуите.
Курсот е дизајниран да го максимизира учењето според Ваше темпо и време. Седнете и на релаксиран начин обидете се. Кога ќе го завршите курсот, Ве охрабруваме да го споделите со Вашето семејство, пријатели, колеги или со Вашите студенти.
Сѐ уште не сте сигурни дали овој курс е за вас? Тогаш зошто не започнете со оваа онлајн игра за да го почувствувате светот на дезинформациите. Уверете се самите како можеме да бидеме измамени и како да се одбраниме, корисјтејќи ги техниките од курсот „Справување со дезинформации“.