Курсеви

Градење позитивни наративи

Експерт: Ana Andreeva

40-60 мин

Бесплатно

Ana Andreeva
Дали неодамна сте се сретнале со некоја емотивна приказна која ве шокирала, која навидум изгледала сериозно, но била комплетно ирационална? Без разлика за која тема се работи: вакцинација, 5G, микрочипови, тековната политичка ситуација,... – сигурно ќе можете да се сетите на некоја неверојатна и шокантна приказна.  

Кога еден наратив е креиран како збир од повеќе приказни, од една страна може да се користи за ширење теории на заговор, за креирање кампањи против мигрантите, ЛГБТ+ заедницата, активисти за заштита на животната средина итн. Од друга страна пак, наратив базиран на приказни може да се користи и како алатка за борба против штетни пораки и информации и алатка за градење доверба кај одредена група или организација. 

Дали сте подготвени да започнете со креирање успешна кампања? Искористете го максимално овој курс и спротивставете се на несаканата пропаганда и дезинформации или пак креирајте позитивни алтернативни наративи и инспирирајте нови посакувани однесувања кај вашата целна група. 
Ana Andreeva

За кого?

- Граѓански активисти
- Новинари
- Наставници
- Инструктори на курсеви за граѓанско учество

Главни настани

  • Преку овој курс вие ќе можете да согледате и научите како и зошто приказните и наративите ги прават дезинформациите популарни и уверливи. 
  • Исто така ќе научите како да се спротивставите на разни опасни верувања и однесувања но и ќе се стекнете со знаења кои ќе ви помогнат да ги искористите социјалните медиуми во ваша корист односно за промовирање на вашите наративи. 
  • Ќе имате можност да научите важна терминологија и дефиниции врзани со дезинформации, без разлика дали се тие со намера или без намера да нанесат штета, дали се манипулирана содржина или пак злонамерна одмазда. 
  • Преку убедување, техника за мапирање како и преку основните елементи на една приказна вие ќе научите како да стигнете до специфична публика и како да креирате моќна приказна.