Политика за колачиња 

 
Во Политиката за колачиња се наведени информации за колачињата и сличните технологии коишто TechSoup може да ги постави на електронскиот уред што го користите кога ги посетувате веб-локациите на TechSoup. 


Што претставуваат колачињата?

Колаче е мала текстуална датотека којашто веб-локацијата ја зачувува на вашиот компјутер или мобилен уред при вашата посета на таа веб-локација. Колачињата овозможуваат веб-локациите да ги запомнат вашите поставки и преференции (како на пример преференциите за најава, за јазик, за големина на фонт и други опции за екранот) по одреден период, така што не мора одново да ги внесувате кога ќе ја посетите локацијата или ќе прелистувате од една веб-страница до друга.


●        Сесиските колачиња се колачиња што ги поставува веб-локацијата што ја посетувате. Само таа веб-локација може да ги прочита. Покрај тоа, една веб-локација може потенцијално да користи надворешни услуги коишто исто така поставуваат свои колачиња, а тие се познати како колачиња од трети страни.

●        Трајните колачиња се колачиња што се зачувуваат на вашиот компјутер и не се бришат автоматски кога ќе излезете од прелистувачот, за разлика од сесиските коишто се бришат кога ќе излезете од него.

 
Колачињата може да ги користиме и за да собереме анонимни статистички податоци за искуството со пребарување на нашите веб-локации.

Оваа Политика за колачиња е дел од Политиката за приватност на TechSoup (techsoup.org).


Видови колачиња коишто ги користиме

Задолжителни колачиња.
Овие колачиња се неопходни за да можете да се движите низ нашата веб-локација и тие ви овозможуваат пристап до карактеристиките поврзани со најавата, како на пример до вашиот профил и сметка, до ресурсите наменети само за членови и до други заштитени области на нашите веб-локации. Тие не собираат податоци за вас коишто потоа може да се искористат за маркетиншки цели. Оваа категорија колачиња не може да се оневозможи.

Функционални колачиња.
Овие колачиња им овозможуваат на нашите веб-локации да ги запомнат опциите што сте ги избрале за да обезбедат поперсонализирано искуство на интернет, како на пример опциите за поставки и за историја на пребарување. Исто така, тие ви овозможуваат да гледате видеа и да комуницирате со повратни информации и друштвени алатки како што се блогови, алатки за разговор и форуми.

Без овие колачиња, веб-локациите не можат да ги запомнат изборите што сте ги направиле, не можат да го персонализираат искуството на пребарување ниту пак да користат некои карактеристики и функции на веб-локацијата

Статистички колачиња.
Овие анонимни колачиња ни помагаат да разбереме како корисниците комуницираат со нашите веб-локации така што ни обезбедуваат информации за тоа кои области корисникот ги посетил, колку време траела посетата и дали корисникот се соочил со некакви проблеми, како на пример со пораки за грешки. Нивното користење ни помага да ги подобриме перформансите на нашите веб-локации.

На пример, ја користиме алатката Google Analytics која ни помага да анализираме како се користат нашите веб-локации, вклучувајќи го и бројот на посетители, преку кои места посетителите дошле до нашите веб-локации и страниците на нашите веб-локации низ кои се движат посетителите. Прочитајте повеќе за Практиките на Google за заштита на приватноста.

Без овие колачиња, не можеме да знаеме дали нашите веб-локации функционираат правилно ниту пак да вршиме ажурирања кои би можеле да го подобрат вашето искуство со пребарување.

Маркетинг колачиња.
Овие колачиња собираат информации за вашите навики на пребарување и ги користиме за да ни помогнат да ги разбереме вашите интереси и да можеме да испорачуваме содржини кои се порелевантни за вас. Тие ни помагаат и да ја измериме ефикасноста на рекламните кампањи на нашите веб-локации. Овие податоци може да ги споделиме со други страни, вклучувајќи ги нашите рекламни агенции и други даватели на услуги.

Колачиња на друштвени мрежи 
Колачињата на друштвени мрежи собираат информации за тоа како ги користите друштвените мрежи. Соработуваме со трети страни за да ве поврземе со одредени друштвени мрежи како што се Facebook, Twitter и LinkedIn. Овие колачиња можат и да обезбедат информации за вашите посети на трети страни и на тој начин ви испорачуваат реклами за услугите на TechSoup коишто би можеле да ве интересираат, а и ни помагаат да ја следиме ефикасноста на нашите маркетиншки заложби.

Колку долго колачињата остануваат на вашиот уред?

Колачињата се делат на „сесиски“ (привремени) и „постојани“. Сесиските колачиња остануваат на уредот додека не заврши сесијата на пребарување, а тоа е кога ќе излезете од нашата веб-локација.

Постојаните колачиња остануваат и откако ќе заврши сесијата на пребарување. Тие остануваат на уредот и откако ќе излезете од нашата веб-локација, и може да се задржат таму една до две години.


Како може да ги контролирате и бришете колачињата

Со колачињата може да управувате на разни начини.  Само задолжителните колачиња не може да се оневозможат. Имајте на ум дека ако отстраните или оневозможите одредени колачиња, тоа може да влијае врз вашето корисничко искуство и делови од овој систем може да не бидат целосно функционални. 
 
За незадолжителните колачиња може да ги смените преференциите и поставките така што ќе кликнете на страницата за колачиња или ќе ги смените преку самиот прелистувач.

Користење прелистувач

Преку прелистувачот можете да оневозможите голем дел од колачињата. За да го направите тоа, следете ги упатствата во менијата „Help“ (Помош), „Tools“ (Алатки) и „Edit“ (Уреди) во прелистувачот. Имајте на ум дека тоа што ќе оневозможите одредени колачиња или категорија колачиња не ги брише колачињата на прелистувачот. Тоа треба да го направите рачно. За упатства за тоа како да управувате со колачињата на вашиот прелистувач, посетете ја веб-локацијата на прелистувачот што го користите:

Google Chrome
Microsoft Edge
Mozilla Firefox
Microsoft Internet Explorer
Opera
Safari

Може да најдете информации за други прелистувачи така што ќе ја посетите веб-локацијата на програмерот на тој прелистувач.


Google Analytics

За информации за тоа како да го запрете следењето од Google Analytics, посетете ја http://tools.google.com/dlpage/gaoptout.


Колачиња што ги поставуваме пред да ги смените поставките

Ако ги смените поставките за да оневозможите одредени колачиња, податоците собрани пред промената на поставките може и понатаму да се користат. Меѓутоа, ќе престанеме да ги користиме оневозможените колачиња за да собираме дополнителни информации. Имајте на ум дека тоа што ќе оневозможите одредени колачиња или категорија колачиња не ги брише колачињата на прелистувачот. Колачињата треба да ги избришете рачно.


Колачиња од трети страни 

Колачињата од трети страни не ги поставува TechSoup, туку надворешна страна, за да собере податоци за однесувањето на корисникот. Кога ја користите нашата веб-локација може да наидете на вградени содржини, како на пример YouTube видеа, или може да бидете насочени кон други веб-локации за да учествувате во анкета или да испратите апликација за работа. Овие веб-локации и вградени содржини може да користат свои колачиња. Ние не контролираме дали други веб-локации ќе постават колачиња, дури и ако до нив сте дошле преку нашата веб-локација. Препорачуваме да ги прочитате политиката за приватност и политиката за колачиња на ваквите веб-локации за да дознаете повеќе за нивната употреба на колачиња.


Имате прашања?

Ако имате прашања за нашето користење колачиња и слични технологии, не двоумете се да нѐ контактирате на следнава адреса за е-пошта: privacy@techsoup.org