ПРАВИЛНИК ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СЕРВИСОТ


 
Правилникот на веб-сервисот https://hive-mind.community (во натамошниот текст „Правилник”) ги дефинира условите и правилата за користење на услугите обезбедени со посредство на веб-сервисот.
 
I.        Дефиниции

1.    Секој пат кога во Правилникот ќе бидат искористени следните термини, треба да се разберат согласно следните дефиниции:

a.    Давател на услуги – Фондација TechSoup, ул. Брацка 25, 00-028 Варшава, Полска, впишана во Регистарот за здруженија, други општествени и професионални организации, фондации и јавни здравствени установи што го води Окружниот суд на главниот град Варшава, Трговско одделение под регистарски број (KRS) 000032733, со ЕМБ 7010177399 и REGON број (Регистар на државно стопанство) 141792374.
b.    Корисник - секое физичко лице што го користи Сервисот.
c.     Регистриран Корисник – Корисник кој успешно го поминал процесот на регистрација и кој користи една или неколку услуги или функционалности содржани на Сервисот. Регистрираниот Корисник може да го има следниов статус: Најавен корисник, Учесник на Настанот, Автор, Тренер, Координатор.
d.    Содржина – сите материјали споделени на Сервисот од Регистриран Корисник преку функционалности обезбедени од Давателот на услуги. Содржините вклучуваат објавени од Регистрираниот Корисник коментари, едукативни материјали, извештаи, снимки, авторски текстови.
e.    Договор - договор за обезбедување на електронски услуги склучен помеѓу Корисникот и Давателот на услуги, под услови утврдени со Правилникот.
f.      Податоци на Корисник - сите информации и Содржини што Регистрираниот корисник ги сместува на Сервисот во рамките на сметката.
g.    Сервис – www страна лоцирана на адресата на интернет доменот преку која Давателот на услуги обезбедува електронски услуги и Регистрираните Корисници можат да објавуваат Содржини.
h.    Настани - курсеви, обуки, онлајн настани организирани во рамките на Сервисот; За секој настан Давателот на услуги поставува информации за организаторот на даден Настан.
i.      Партнер(и) - организации кои во рамките на соработката со Давателот на услуги се организатори на настани, а исто така се одговорни за градење на Hive Mind заедницата  во одделни региони, актуелната листа на партнери е прикачена како Додаток бр. 1 до Правилникот.
 

II.        Општи одредби

1.    Правилникот ги дефинира условите и правилата за обезбедување на услуги од страна на Давателот на услуги, а особено условите и правилата за користење на Сервисот од страна на Корисниците.

2.    Намена на Сервисот е негово искористување за комуникациски и информативни цели, градење на односи во рамки на Hive Mind заедницата, организација на Настани од страна Партнерите, како и учество на Корисниците во Настани.

3.    Сервисот е наменет за:

a.    за користење од страна на Корисниците со цел користење и прегледување на Содржини објавени на Сервисот;

b.    за претплата на Корисниците на билтенот поврзан со Hive Mind и заедницата создадена околу него;

c.     за регистрација и учество на Регистрираните Корисници во Настани;

d.    за организирање Настани од страна на Партнерите на Давателот на услуги;

e.    за користење на Регистрираните Корисници во споделување на нивното знаење, вклучително и воспоставување врски, како и градење на локална Hive Mind заедница, особено преку комуникација со други Регистрирани Корисници и објавување Содржина од Регистрирани Корисници, особено коментари, едукативни материјали, релации, снимки, авторски текстови.

 

4.    Правилникот ги опфаќа следните услуги нудени по електронски пат:

a.    пристап до Сервисот, вклучувајќи објавени на Сервисот Содржини и други информации и можност за нивно прегледување, како и комуникација со други Регистрирани Корисници;

b.    овозможување на Регистрираните Корисници да се регистрираат и да учествуваат на Настани;

c.     овозможување на Партнерите на Давателот на услуги да организираат Настани;

d.    испорака на Hive Mind билтенот.

5.    Со користење на услугите и Содржините достапни на Сервисот, Корисникот се обврзува да се придржува кон одредбите на овој Правилник.

6.    Сите активности на Корисниците во рамките на Сервисот треба да бидат во согласност со прописите кои важат на територијата на Република Полска (Северна Македонија), како и добрите обичаи. Забрането е користење на Сервисот на начин кој не е во согласност или несоодветен со неговата цел, како и со важечката правна регулатива.

7.    Посебно забранети се дејства на Корисниците какви што се:

a.    копирање делови или целиот Сервис, или на која било Содржина сместена на Сервисот (освен кога Содржините ќе бидат јавно достапни на отворени лиценци каква што е Creative Commons Attribution 4.0 International (CC-BY-4.0)) или нивно искористување во комерцијални цели;

b.    испраќање спам и непорачани комерцијални информации, реклами на стоки, услуги и спроведување комерцијални, рекламни или промотивни активности на Сервисот, вклучително и испраќање на овој тип на информации или реклами до други Регистрирани Корисници на Сервисот во кореспонденција или коментари ним наменети;

c.     упорно вознемирување или претставување како друго лице;

d.    создавање на повеќе сметки од еден Корисник со цел да се наруши правилното функционирање на Сервисот;

e.    преземање на какви било други дејства кои можат да го дестабилизираат функционирањето на Сервисот или кои можат штетно да дејствуваат, особено сфатени како дејствија што може да влијаат врз доброто име на Сервисот или на Давателот на услуги;

f.      објавување навредлива содржина, која го нарушува достоинството на другите луѓе или добрата пристојност.

 

III.        Пристап до Сервисот

1.    Давателот на услуги овозможува пристап до Сервисот, како и користење на Услугите само по прифаќање на сите одредби од Правилникот. Користењето на Сервисот значи прифаќање на Правилникот, што е еднакво со склучување на Договорот. Користењето на услугите не е возможно без прифаќање на Правилникот.
2.    Давателот на услугата го отстапува Правилникот на Корисникот бесплатно и овозможува негово добивање, отворање и снимање преку презентирање на Содржината на Правиникот на Сервисот.
3.    Сервисот е достапен на постојано, со зачувување на правото за привремено исклучување поради дефект, одржување, ажурирање или технички барања.
 
IV.        Регистрација и користење на сметката

1.    Давателот на услуги на Регистрираниот Корисник го отстапува Правилникот бесплатно и овозможува негово добивање, отворање и снимање со потврдување дека Регистрираниот Корисник се запознал со содржината на Правилникот за време на регистрацијата.

2.    По завршувањето на регистрацијата, Регистрираниот Корисник добива пристап до својот профил на Сервисот, преку кој може да додава Содржини и да контактира со други Регистрирани Корисници испраќајќи им пораки, креирајќи белешки за сопствени потреби. Секој од Регистрираните Корисници може да го едитира својот профил.

3.    Пријавување на Настанот бара дополнителна регистрација.

4.    Во зависност од нивниот статус, Регистрираниот Корисник може да користи различни функционалности:

a.    Најавен Корисник - може да се регистрира за даден Настан и потоа да учествува на истиот како Учесник на Настанот.

b.    Учесник на Настан - може да учествува во Настани, а во случај на некои формати на Настани (на пр. работилници или обуки засновани на проекти) може да ги споделува своите датотеки, авторски дела, снимки, изјави во писмена, гласовна и видео форма со својата група за обука.

c.     Автор - може да споделува свои текстови на Сервисот; Статус на Автор може да се додели само на лице назначено од Партнерот или Давателот на услуги.

d.    Тренер - може да води Настани и да отстапува секакви материјали поврзани со спроведувањето на даден Настан, во зависност од спецификите на даден Настан; Статусот на Тренер може да се додели само на лице назначено од организаторот на даден Настан.

e.    Координатор - може да организира Настани и да отстапува секакви материјали поврзани со нивната имплементација, има пристап до целосното управување со Настаните; управува со содржините објавувани на Сервисот; Статусот на Координатор може да му се додели само на лице назначено од Партнерот или Давателот на услуги.

5.    Регистрацијата, како и користењето на сметката се доброволни и бесплатни. Склучувањето на договорот за давање услуги се случува кога Корисникот ќе ја потврди регистрацијата на сметката. Договорот е склучен на неопределено време.

6.    Секој Корисник може да креира само една сметка на Сервисот.

7.    При креирање на сметка, Корисникот мора да го прочита Правилникот и да потврди дека ја прочитал неговата содржина и дека се согласува со сите негови одредби.

8.    За регистрација на Сервисот потребно е да се наведе адресата на е-пошта, да се наведе име или презиме, односно прекар.

9.    За да се регистрира Корисникот треба да пополни пријава. По пополнувањето и испраќањето на пријавата, испраќана е-пошта за добредојде на адресата за е-пошта наведена во пријавата, а Регистрираниот Корисник добива пристап до сметката.

10.  За да се испрати пријавата и да се заврши постапката за регистрација, потребно е да се прифати Правилникот и Политиката за приватност.

11.  По поставувањето сметка, Регистрираниот Корисник може доброволно да надополни со други податоци што се однесуваат на него/неа. Обемот на податоците зависи од статусот на Регистрираниот Корисник.

 

V.        Регистрација на Настан

1.    Учеството на Настани организирани на Сервисот е доброволно и бесплатно.
2.    Настаните ги организира Давателот на услуги и/или Партнерите на Давателот на услуги.
3.    За регистрација на даден настан, Регистрираниот Корисник треба да го пополни формуларот за регистрација. Некои од Настаните може да бидат достапни по успешното завршување на процесот на регрутирање во согласност со информациите објавени на Сервисот за дадениот настан. Обемот на формуларот за регрутирање може да се разликува зависност од видот на Настанот. Во таков случај избраните учесници ќе бидат поканети да учествуваат на настанот.
4.    Наведувањето на податоци означени како задолжителни е неопходно за регистрација на Настан или, соодветно - до учество во регрутација за тој Настан. Обемот на податоците е договорен од страна на Давателот на услуги и Партнерот кој го организира Настанот.
5.    По пополнувањето и испраќањето на формуларот за регистрација на е-пошта на Регистрираниот Корисник испраќана е потврда на регистрацијата. Во случај на Настани за кои се врши регрутација, на е-пошта на Регистрираниот Корисник ќе биде испратена е-пошта со која се потврдува поднесувањето на пријавата, а по нејзиното разгледување, информации за квалификување или не квалификување за учество во Настан.
6.    Регистриран Корисник квалификуван да учествува на Настанот добива пристап до Настанот преку неговиот/нејзиниот профил. Сите настани за кои Регистрираниот Корисник се пријавил се зачувани во профилот на Корисникот.
7.    Регистрираниот Корисник квалификуван да учествува на даден Настан може да добие кореспонденција преку е-пошта поврзана со тој Настан, особено, Регистрираниот Корисник може да добие потсетник за датумот на Настанот, информации за незавршување на своето учество на Настанот, благодарност за учество на Настанот или барање за пополнување на анкетата за евалуација во врска со Настанот. По завршувањето на Настанот, Регистрираниот Корисник може да добие и сертификат за завршување на Настанот преку е-пошта.
 

VI.        Билтен

1.    Услугата за билтен е бесплатна. Договорот за услугата билтен е склучен во моментот на запишувањето за билтен. Договорот е склучен на неопределено време.
2.    Корисник кој е заинтересиран да добива билтен треба да го нарача билтенот со пополнување на формуларот за претплата достапен тука: https://hive-mind.community/#newsletter Давањето адреса на е-пошта е задолжително. Со кликнување на копчето „Претплати се“, на е-пошта наведена од Корисникот се испраќа линк што ја потврдува претплатата. Со кликнување на гореспоменатиот линк предизвикува додавање на вашата eпошта на листата на приматели на билтенот и крајна претплата за билтенот.
 

VII.        Организација на Настани од страна на Партнерите

1.      Правилата за организирање на поединечни Настани произлегуваат од посебни прописи и договори склучени помеѓу Давателот на услуги и Партнерот.

 

VIII.        Заштита на лични податоци

1.    Деталите поврзани со обработката и заштитата на личните податоци, како и со колачињата (cookies), ја регулира Политиката за приватност достапна тука: https://hive-mind.community/privacy_policy

 

IX.        Раскинување на договор за давање услуги по електронски пат

1.    Регистрираниот Корисник може да го раскине договорот за обезбедување на услугите во секое време со бришење на сметката. Отстранувањето на сметката од страна на Регистрираниот Корисник се одвива со испраќање е-пошта со барање за бришење на сметката на адресата contact@hive-mind.community.
2.    Корисникот може да ја откаже претплатата на билтенот во секое време. За да се откаже претплатата треба да се кликне на линкот за откажување сместен при дното на е-поштата испратена како дел од услугата за билтен.
3.    Регистрираниот Корисник може да откаже учество на Настан во секое време. Откажувањето се врши со испраќање на е-пошта со информации за повлекување од учество на адресата contact@hive-mind.community.
4.    Давателот на услуги го задржува правото за блокирање на сметка на Регистриран Корисник кој ги прекршува одредбите од Правилникот.
5.    Давателот на услуги го задржува правото да не дозволи Регистрирани Корисник кој ги прекршува одредбите од Правилникот да учествува во Настаните.
 

X.        Обем на користење на Сервисот

1.    Сервисот може да се користи само за целите наведени во Правилникот и во согласност со важечкиот закон. Забрането е Корисникот да доставува незаконска содржина преку и до телеинформатичкиот системот на Давателот на услуги, како и:

a.    предизвикување на прекин на работата или преоптоварување на телеинформатичкиот систем на Давателот на услуги или други субјекти директно или индиректно вклучени во обезбедувањето електронски услуги;

b.    кршење на правата на трети лица, општоприфатените општествени норми или неусогласени со општо важечките правни регулативи.

 

XI.        Авторски права

1.    Регистрираниот Корисник изјавува дека целосно му следуваат сите Права на делата и нивните елементи објавени на Сервисот како Содржина, и дека има целосно право да располага со горенаведените дела во корист на Давателот на услуги. Регистрираниот Корисник изјавува дека доколку објави фотографии на Сервисот кои содржат слика од било кое лице, тоа го прави врз основа на нивна дозвола за ширење на нивната слика, според која е овластен да ја објави. Давателот на услуги не е одговорен за прекршување на авторските права на трети лица предизвикани од прекршување на оваа точка од страна на Регистрираниот Корисник.

2.    Регистрираниот Корисник, бесплатно и на ексклузивен начин, му дозволува на Давателот на услугата да ја користи содржината објавена на Сервисот со снимање, копирање и ширење на Содржината достапна на Интернет, исто така на начин при кој секој би имал пристап до место и време по сопствен избор, особено на различни места на Сервисот. Правото го дава Регистрираниот Корисник на неопределен период.

3.    Содржините објавени од Регистрирани Корисници со статус на автори или обучувачи може да бидат достапни на Сервисот под лиценцата Creative Commons Attribution 4.0 International (CC-BY-4.0). Таквото отстапување на Содржината зависно е од посебни договори склучени помеѓу Партнерот или Давателот на услуги и Регистрираниот Корисник со горенаведениот статус. Содржините што се достапни според горенаведените лиценци ќе бидат соодветно означени.

4.    Корисникот поставува на Сервисот слики на други луѓе само под услов ако не се прекршени правилата од важечкиот закон и личните права на тие луѓе. Забрането е објавување на слика без добивање на соодветна согласност во овој поглед.

5.    Забрането е објавување на Сервисот на каква било содржина и материјали (вклучувајќи фото и видео материјали) кои би можеле да ги нарушат правата на трети лица, особено авторските права.

 

XII.        Технички барања, пречки поврзани со Услугите 

1.    За да го користи Сервисот, Корисникот мора да ги исполнува минимум следниве технички барања:

a.    да поседува компјутер или мобилен уред што овозможува прелистување на интернет страни;

b.    да има пристап до Интернет;

c.     да има пристап до www портали со помош на правилно сконфигуриран веб-пребарувач;

d.    да има современ интернет пребарувач кој ги поддржува најновите HTML 5 и CSS 3 технологии;

e.    дополнително, поради поставување сметка и добивање на билтен, Корисникот треба да поседува сметка за е-пошта.

2.    Во случај на учество на некои Настани, за да се користат функционалностите на тој Настан, може да биде неопходно правилно поврзување на функционални слушалки, звучници, камера или микрофон за време на Настанот. Корисникот ќе биде информиран за потребата од исполнување на горенаведените технички барања.

3.    Давателот на услуги се оградува од случај на неисполнување на техничките барања наведени погоре, поради кои работата на Сервисот на уредот на Корисникот може да биде отежната или спречена.

4.    Користењето на услугите обезбедени од страна на Корисникот врз основа на Правилникот не се поврзува со никакви посебни ризици за Корисникот во однос на користењето на услугите обезбедени по електронски пат, освен оние што вообичаено се јавуваат при користење на јавна телеинформациска мрежа.

 

XIII.        Одговорност на Давателот на услуги

1.       Давателот на услуги не сноси одговорност посебно за:

a.      каква било штета предизвикана на трети страни, настанати од користењето на Корисникот до пристапот за услуги на начин што не е во согласност со Правилникот или важечките законски норми;
b.      каква било штета предизвикана на трети лица како последователност на наведување на лажни податоци од страна на Корисникот во формуларот за регистрација;
c.      неможноста за користење на Сервисот поради неисполнување од Корисникот на техничките барања наведени во Правилникот или виша сила;
d.      вистинитоста, точноста и мериторичната соодветност на Содржини објавени од Регистрирани Корисници;
e.      квалитетот, точноста и мериторичната соодветност на Настаните организирани од Партнерите.
 
XIV.        Поднесување на рекламација

1.    Корисникот има право да поднесе рекламација поврзана со пристапот до Сервисот, како и други Услуги. Рекламациите може да бидат поднесувани особено поради недостаток или несоодветен пристап кон Услугите.

2.    Корисникот ги пријавува сите неправилности поврзани со користењето на Сервисот на адресата за е-пошта contact@hive-mind.community.

3.    Давателот на услуги ќе вложи максимални напори да ги отстрани неправилностите во случај на нивно појавување во рамките на техничките можности, во временските рокови наведени од надворешниот провајдер на Сервисот.

XV.        Завршни одредби

1.    Давателот на услуги има право да ги промени одредбите од Правилникот во секое време, особено во случај на појава на било која од важните причини наведени подолу:

a.      потреба да се прилагоди Правилникот кон законските права,

b.      промени во опсегот на нудените услугите во рамките на Сервисот,

c.      измени на техничките услови за користење на услугите наведени во Правилникот.

4. За извршените промени во Правилникот Давателот на услугата ќе ги информира Регистрираните Корисници и Корисниците што ја користат услугата за билтен преку е-пошта испратена на адресата за е-пошта поврзана со сметката, 14 дена пред нивното влегување во сила. Промените исто така ќе бидат објавени во форма на компактен текст заедно со информациите за нивното извршување на Сервисот.


Додаток бр. 1 до Правилникот за Користење со Веб-Сервисот

Листа на партнери:

1. Corporación Makaia Asesoría Internacional (MAKAIA), Cra 43A #34 -155, Suite 701 Medellín, Colombia, https://makaia.org/
2. Fondacija Za Internet I Opstestvo Metamorfosis, st. “Apostol Guslarot” 40, Skopje, Republic of North Macedonia, https://metamorphosis.org.mk/
3. Funky Citizens, Bd. Pache Protopopescu 9, 2nd District, Bucharest, 021401, Romania, https://funky.ong/ 
4. GURT Resource Center, 28 Esplanadna St., Kyiv 01001, Ukraine, https://www.gurt.org.ua/
5. Nonprofit Információs és Oktató Központ (NIOK) Alapítvány (NIOK Foundation), Maros utca 23., Mfsz. 1., 1122 Budapest, Hungary, https://www.niok.hu/
6. Phambano Technology Development Centre, Quintiles Office Park, 1011 Pretorius Street, Lyttelton Manor, Pretoria, 0157 South Africa, https://www.phambano.org.za/
7. West Africa Civil Society Institute (WACSI), 9 Bamboo Street, East Legon, Accra, Ghana, https://wacsi.org/
8. TechSoup Brasil, SCRN 706/707 Bloco C Entrada 10 Sala 202 Edifício Atalaia, 70740-703,  Asa Norte, Brasilia