Дали знаете што се дезинформациите и кои се ризиците поврзани со нив? Како да им се спротивставите? Дезинформациите, иако се древен и моќен феномен, стануваат сѐ повлијателни благодарение на социјалните медиуми и брзината со која можат да се прошират во секој дел од светот. Тие претставуваат предизвик за демократиите, за владите, за едукативните системи и за граѓанското општество. Сега, пак, можеме да видиме како дезинформациите внесуваат страв кога станува збор за вакцините кои спасуваат животи, како ги експлоатираат тенизиите, креираат хаос и недоверба кон институциите и индивидуите.
Во овој курс ќе научиме како да разликуваме помеѓу различни типови на дезинформации и како да се избегнат замките какви што се ехо коморите, поларизацијата и пропагандата. Уште повеќе, со вас ќе ги споделиме суштинските познавања и алатки за поефикасно справување со нив, на пример, микро-таргетирањето и стратегиите за убеливи комуникации или како да се изградат моќни приказни и наративи. Конечно, амбицијата е дека Вие ќе станете свесни и ќе научите како да стекнете цврстина „кога ќе дојдат по вас.“
Курсот е дизајниран да го максимизира учењето според Ваше темпо и време. Седнете и на релаксиран начин обидете се. Кога ќе го завршите курсот, Ве охрабруваме да го споделите со Вашето семејство, пријатели, колеги или со Вашите студенти.
Сѐ уште не сте сигурни дали овој курс е за вас? Тогаш зошто не започнете со оваа онлајн
игра за да го почувствувате светот на дезинформациите. Уверете се самите како можеме да бидеме измамени и како да се одбраниме, корисјтејќи ги техниките од курсот „Справување со дезинформации“.