Целта на настанот е да се запознае јавноста со Програмата за дигитален активизам и да им се овозможи на регионалните медиумски и граѓански претставници и активисти простор за дискусија и размена на идеи во полето на препознавање и спречување дезинформации.
Како дел од настанот, на присутните ќе им се претстави изготвеното мапирање на дезинформации во регионот, како и подготвениот ресурсен центар на материјали од областа на препознавање и спречување дезинформации.
Настанот е одлична можност за градење на мрежи и зголемување на знаењето и разбирањето на дезинформациските наративи и сценарија.
Пријавете го вашето учество на следниот линк: https://forms.gle/Fo2QLCSCdVLC76vy6
Author: Фондација Метаморфозис ја зајакнува свесноста и капацитетот на граѓаните и граѓанското општество за тие да ја преземат најдобрата можна улога како активисти за демократија, поддржувајќи ја власта да ја исполни нејзината демократска улога- да работи во служба на општеството.