Пристапното опкружување, како физичко, така и дигитално, за овие лица претставува основа за остварување на правата, независниот живот и нивно учество во локалната заедница и општеството. Најчестите бариери со кои се соочуваат лицата со попреченост се ставовите на луѓето, кои се вкоренети во дезинформациите, во однос на нивните можности, способности и права. Најчестите објави за овие лица, се со содржини кои прикажуваат трогателни приказни кои предизвикуваат сожалување кај јавноста, а не се дава простор за содржини со успешни лица со попреченост на професионален и личен план. Ако се прикажуваат некои успешни приказни се промовираат едни исти лица во сите објави, а останатите се непознати за јавноста. Дополнителни предизвици се непристапните информации од јавен карактер, поради кои лицата со попреченост, најчесто не ги остваруваат загарантираните права. Дезинформациите со негативни и стереотипични прикази за попреченоста допринесуваат, лицата со попреченост да се чувствуваат како некорисни граѓани.
Со видеата во кои говорниците се Александар, Даниела, Славица, Христијан и Мирвета, сметаме дека ќе ја зајакнат самодовербата и видливоста кај оваа категорија на граѓани и ќе се намалат дезинформациите за нивните можности и способности.
Александар Стојчески е млад средношколец е спортист, тој е добар пливач и покрај тоа што тешко се движи. Започнал да играм шах на помала возраст, најпрвин со татко му и со брат му, а од четврто одделение од неговото основно образование редовно тренира и професионално се бави со играње на шах. Освоил трето место на светското првенство за лица со попреченост. Во иднина сака да стане велемајстор и вели:
,, Ќе бидам најдобар играч во Македонија барем, ако не и во светот.“ Иако имам попреченост, јас сум рамноправен!“
Славица Петковска е млада девојка која никогаш не била во образовниот процес, научила да чита и пишува со својата мајка. Таа живее во мало гратче Кратово, кое е непристапно за лица кои тешко се движат и користат инвалидска количка. Славица чувствува голема љубов кон трагично починатиот пејач Тоше Проески и поради тоа започнала да пишува поезија. До сега има издадено една книга која е со наслов „Бесконечна љубов за Тоше“.
Во видеото објаснува за промоцијата на книгата од претходната година и вели: „На промоцијата имаше многу луѓе кои ме поддржаа. Беа моја поддршка, што тоа ми даде уште поголема мотивација дапродолжам да пишувам. И еве сега, моментално сум при крај со мојата втора книга која ќе се вика “Mојот променeт живот”. Својата втора книга Славица ја издаде и направи промоција, веднаш по завршување на кампањата од овој проект.
Другите три Студии на случај за локална акција можете да ги видите во видеата на facebook страницата на Инклузива на следните линкови: