Медиумска писменост

Алатки

  • Клучни зборови:
  • Media Literacy
  • Digital well-being
  • Resilience
  • Open Data
  • Communication
  • Јазици:
  • English

WITNESS is a human rights non-profit organisation based in Brooklyn, New York. Its mission is to partner with on-the-ground organisations to support the documentation of human rights violations and their consequences to further public engagement, policy change and justice.

  • Клучни зборови:
  • Countering Disinformation
  • Media Literacy
  • Fact-checking
  • Digital well-being
  • Hate speech
  • Media monitoring
  • Јазици:
  • Македонски

The manual serves as key educational material for strengthening the capacities of civil society organisations, media and the wider circle of citizens to face media manipulation.

The collection "Propaganda, false narratives, misinformation - the damaging influence of the Kremlin in North Macedonia" includes a selection of public records based on a transparent methodological approach and fact-checking that refutes the central tenets of anti-democratic and populist propaganda.

Објави

Неколку совети како да се известува во случај на избори

Потребата за објективност, неутралност и рамнотежа во новинарството е секојдневен предизвик за професионалните медиуми, но еден од најголемите предизвици за медиумскиот професионализам доаѓа во време на избори. Изборниот процес претставува предизвик за медиумите, бидејќи ја става во фокус нивната потреба да им понудат на граѓаните пристап до сите факти, мислења и идеи во кампањата. Новинарите, исто така, мора да обезбедат пристап до медиумите за да може гласот на граѓаните да се слушне надвор од зборовите на политичката дебата.

Metamorphosis Foundation | 7 min read | Mar 21, 2024

На што треба да се внимава при известување за настани каде што има екстремизам?

Кога има настан каде што има екстремизам, новинарите и граѓаните понекогаш ме прашуваат како да известуваат и како да прават вести. Кога треба да одлучите што да објавите сега онлајн или како напис, најдобро би било да застанете и да размислите преку разговори со новинари и со експерти за комуникација.

Metamorphosis Foundation | 7 min read | Mar 21, 2024

Како да препознаете „cherry picking (берење цреши)“ метода за медиумска манипулација?

Нецелосен доказ. Пристрасно селектирање на доказ. Игнорирање вистински докази. Еднострано оценување. Обид да се убеди јавноста да прифати одреден став, со криење факти или давање аргументи на јавноста за да се потисне вистината.

Metamorphosis Foundation | 4 min read | Mar 21, 2024

Најсилната алатка во борбата против дезинформациите е критичкото размислување, како да ја примените?

Критичкото размислување е способност на една личност да распознае или суди и критички да анализира одреден проблем. Критичкото размислување се развива од рана возраст и се стекнува на индивидуална основа кај секој човек. За да утврдиме дали имаме критичко размислување, личноста мора да се стекне со вештини за набљудување, анализа, толкување, рефлективно размислување, проценување, заклучок, објаснување и решенија на проблеми и донесување на најправилни одлуки, пишува Portalb.mk.

Metamorphosis Foundation | 6 min read | Feb 15, 2024

Како треба да известуваат медиумите за опасните предизвици на ТикТок?

На социјалните мрежи, ТикTок постои од 2014 година, тогаш познат како Musical.ly, а потоа во 2018 година беше реформиран со името што го носи денес. ТикТок е познат како платформа за забава која најмногу ја користат децата и младите. Сепак, повеќето од воените сцени, опасните предизвици кои резултирале со повреди и смрт, првично се споделуваа на оваа социјална мрежа.

Metamorphosis Foundation | 9 min read | Feb 15, 2024

На што да внимавате кога купувате производи онлајн?

До пред неколку години купувањето производи онлајн беше нешто што само „компјутерџиите“ го правеа, или пак се користеше за специјализирани производи. Но, во денешницата, онлајн шопингот станува сè понормален дел од нашето секојдневие. Пласирањето на личните банкарски податоци во онлајн етерот веќе не звучи така „страшно“ како што звучеше до пред десетина години. Иако самиот онлајн трансфер на пари преку банки е побезбеден од било, кога не значи дека не треба да сме претпазливи со трошењето пари онлајн.

Борјан Гаговски | 9 min read | Feb 14, 2024

Носење заклучоци само врз основа на наслови е еднакво на убиство на точната информација

Дали кога гледате филм, само врз основа на името на филмот носите заклучок за што станува збор, како ќе се одвива сценариото, каков ќе биде крајот? Не, туку одвојувате најмалку час и половина, оставате филмот да ве носи, да ви ги менува заклучоците, сè додека не стигнете до самата завршница.

Meri | 8 min read | Jan 24, 2024

Како да блокирате несоодветни содржини на уредите што ги користат вашите деца?

Заштитата на децата од несоодветни веб-страници е многу важна, посебно во последно време кога се во пораст штетните содржини на Интернет. Постојат вградени филтри на прелистувачи кои може да понудат одредена заштита, но сепак тие не може да обезбедат целосна заштита и може да пропуштат некои веб-страници. Дополнително, денешните деца многу лесно можат лесно да најдат начини да ја пробијат таа заштита.

Antonija | 3 min read | Jan 22, 2024

Бомбастична вест објавена на портал за кој првпат слушате? Проверете импресум

Напливот на медиумски содржини во интернет просторот понекогаш доведува како читатели да трагаме по информации кои се поразлични од останатите. За јавноста е исклучително важно да се “открие” нешто ново, кое доведува до свежи информации за одредени важни општествени теми или прашања од личен интерес за поединецот. Сепак, понекогаш позади „новото“ стојат бомбастични наслови, спектакуларни тврдења непоткрепени со докази, непотврдени или неофицијални информации, како и дезинформации, кои можат да направат поголема штета отколку да доведат до позитивна промена во општеството.

Бојан Блажевски | 7 min read | Jan 11, 2024

5 совети како да ги заштитите вашите деца онлајн

Денешните деца сè повеќе време поминуваат на своите смартфони, таблети или лаптопи. Родителите, најчесто поради работните обврски, не секогаш имаат време да контролираат какви содржини тие гледаат на нивните уреди. Сепак, ви предлагаме неколку начини како да ја зголемите контролата, односно, како да ги заштитите децата од она што можеби за нив претставува опасност или несоодветна содржина за нивната возраст.

Antonija Popovska | 6 min read | Dec 15, 2023

Дигитален отпечаток – вашата свесно или несвесно поставена биографија на интернет

Во денешно време животите ни се комплетно испреплетени со дигиталниот свет, а онлајн активностите оставаат траен белег, односно дигитален отпечаток.

Antonija | 6 min read | Dec 13, 2023

Зошто сè уште толку многу луѓе „паѓаат“ на теориите на заговор?

Ковид-19 беше намерно измислен за да се уништи човештвото. Со вакцините против ковид-19 се обидуваат да нè чипираат. ХААРП предизвикува невреме и поплави. Човекот никогаш не стапнал на Месечината. Белата патека која авионите ја оставаат зад себе додека летаат се всушност отрови со кои нè прскаат.

Meri | 10 min read | Dec 13, 2023

Фишинг нападите демнат, како да не се фатиме на јадицата?

Замислете дека сте риба и дека некој се обидува да ве фати на јадица – токму на овој начин можеме да го објасниме наједноставно терминот „фишинг напад“. Во дефиниција што ја има објавено Фондацијата „Метаморфозис“ во една од своите публикации се наведува дека фишингот е облик на измама кој опфаќа збир на активности на неовластени корисници преку користење лажни пораки од е-поштата и лажни веб страници на поголем дел од финансиските организации, обидувајќи се од корисниците да добијат доверливи лични податоци како што се единствен матичен број, корисничко име, ПИН броеви или слични податоци.

Бојан Блажевски | 7 min read | Dec 13, 2023

Размисли пред да кликнеш – Остани безбеден на социјалните мрежи

Концептот „размисли пред да кликнеш“ е еден од најважните фактори во однос на безбедноста на информациите. Ова се однесува на сето она што ви се нуди на социјалните мрежи, на рекламите кои ви се појавуваат додека читате одреден текст на некоја веб-страница, на линковите кои „ви велат“ да ги отворите додека гледате некое Јутјуб видео и слично.

Antonija Popovska | 4 min read | Dec 13, 2023

Употребата на вештачката интелигенција се регулира во новинарството

Глобалната новинска агенција Асошиејтед прес (АП) е пионер во користењето на вештачката интелигенцијата во медиумите. Уште во 2014 година, економската редакција на оваа новинска агенција започна да ја користи вештачката интелигенција за да ја автоматизира изработката на текстовите за корпоративните добивки на компаниите.

Бојан Блажевски | 11 min read | Dec 12, 2023

Краткиот пат на една лажна вест – долг пат на еден општествен хаос

Publish (објави) е копчето кое е најлесно да се притисне. Да се притисне е лесно, но дали се исто така лесни и последиците што тоа може да ги донесе? Доволни се пет зборови кои ќе ја привлечат пубиликата и текст од десетина реда кои ќе ја шокираат или ќе предизвикаат наплив од чусвтва, без разлика дали се позитивни или негативни, за продуктот во неколку минити да се рашири во речиси секој дом, на сечиј профил на социјалните мрежи. За медиумот, тоа е како да добил на лото, кликовите се множат еднаквопропроционално со можноста за добивање реклами. За читателите, прогнозите и не се најоптимистични.

Meri | 7 min read | Nov 30, 2023

Кликбејт: Откривање на тактиката

Дали некогаш сте се запрашале што, всушност, е кликбејт?

Goshe Nikolov | Nov 21, 2023

Deepfake – лажни видеа направени со вештачка интелигенција за кои треба да бидеме загрижени

Мислите дека го гледате претседателот на Украина Володимир Зеленски како зборува и им кажува на своите војници да го положат оружјето и да ја предадат борбата против Русија. Ликот е тој, фацијалните експресии се тие, тој ја отвора устата онака како што зборува, но сепак, тоа не е вистината. Видеото е лажно.

Meri | 8 min read | Nov 8, 2023

Наведен извор на информации - извор на кредибилност во медиумската содржина

Во напливот на нови и актуелни информации во медиумските содржини што секојдневно ги гледаме, читаме и слушаме како јавност, ретко кој од нас обрнува внимание на изворот. Ова често не е само случај на консументите на текстовите, видеата и фотографиите, туку и на самите новинари и уредници во медиумите. За разлика од ваквото медиумско секојдневие, стручната новинарска литература многу е строга во однос на наведувањето на изворот на информации. Наведен извор којшто ги дава податоците во медиумската содржина претставува извор на кредибилност и синоним за изработен текст, видео и фотографија според професионалните новинарски стандарди.

Бојан Блажевски | Nov 8, 2023

Како да се заштитиме од онлајн измами при купувањето на интернет?

Бројот на онлајн купувања на македонските граѓани расте, а паралелно се множат и измамите на граѓани при купувањето на виртуелните продажни места на интернет. За да се избегне „празнењето” на кредитните картички преку измами, постојат неколку препораки кои треба да ги следиме како граѓани при нашите купувања што ги вршиме на интернет.

Бојан Блажевски | 8 min read | Oct 12, 2023

Потпишано авторство – индикатор за кредибилна медиумска содржина во која можеме да веруваме

Напливот на медиумски текстови, видеа, фотографии, како и постови на социјалните мрежи во денешно време е огромен, бидејќи постојано се појавуваат на нашите уреди со кои секојдневно комуницираме на интернет. Бомбастичните наслови и најавите за спектакуларни откритија во ваквите содржини неретко доведуваат до тоа да заборавиме на едно од основните правила при создавањето на медиумските содржини – потпишување на авторот којшто стои позади нив.

Бојан Блажевски | 8 min read | Oct 12, 2023

Дезинформации и 7 вообичаени форми на информациски неред

Знаењето за дезинформациите е поважно сега од кога било. Критичкото размислување е клучно и вреди да се поддржи со знаење како да се препознаат различните форми на информациски неред.

Hive Mind | 17 min read | Mar 2, 2022

Социјален инженеринг – психолошки методи во дигиталниот свет

Манипулацијата, принудување, играње со емоциите - се дел од човечкото постоење веројатно уште од самиот почеток. Нормално, некои луѓе се подобри во ова од останатите, и вториве, за жал, имаат тенденција да станат жртви на такви шеми и се оставени да се соочуваат со последиците од таквата нивна честопати љубезна природа.

Goce Arsovski | Apr 9, 2021

Кит Браун: Критичкото мислење бара најпрво да ги земеме предвид нашите сопствени предрасуди и незнаење

„Балканската историја е обликувана од територијалните амбиции и спорови од последните сто години, со што е настаната ситуација на ‘нулта сума’ – поим од теоријата на игри, кој подразбира дека ако едниот играч добива, друиот автоматски мора да изгуби“, вели проф. д-р Кит Браун во интервју за „Критинк“ кое „Мета“ го пренесува во целост. Во интерјвуто, покрај другото, Браун зборува за улогата на критичкото мислење во науката и, особено, во изучувањето на историјата.

Hive Mind | Mar 25, 2021

Бекап на податоци – најлесен начин да се заштитите од ransomware напади

Колку пати сте се соочиле со непријатната ситуација вашите драгоцени податоци (фотографии, видео снимки, итн.) ги изгубите засекогаш поради мало невнимание или пак и не по ваша вина? Дали секогаш внимавате на тоа да чувате безбедна копија од вашите најдрагоцени податоци, или пак единствено се потпирате на вашиот антивирусен софтвер да ве одбрани против сајбер-напади со уцена (ransomware attack)?

Goce Arsovski | Feb 18, 2021

Виртуелни приватни мрежи (VPN) – што се, и зошто се важни

Виртуелните приватни мрежи (ВПМ) или попознати како VPN мрежи, се добро познати во нашата јавност како многу корисна „алатка“ за заобиколување на правилата на одредени стриминг платформи во однос на геолокациските ограничувања. Покрај тоа што го „измамуваат“ сервисот или платформата, и ја прават достапна вашата омилена серија, игран филм, или подкаст, што друго знаеме за нив? Дали ВПМ можат да ни бидат од корист и во други околности, професионални или приватни, и зошто се тие навистина важни?

Goce Arsovski | Feb 8, 2021

Фишинг пораки –најчестата дигиталназакана за 2021година

Фишинг пораки, спам, „ѓубре“, и ред други називи. Сите ние, во некој момент, сме примиле вакви пораки. Од фамозните пораки од нигерискиот принц, па се до најсофистицираните видови на таргетиран-фишинг, тие се тука да останат. Што можеме да направиме во врска со нив?

Goce Arsovski | Jan 18, 2021

Конечно, алатка за проверка на факти на сите јазици

Fact Check Explorer на Гугл е брз и генерира точни резултати на сите јазици

Mark Semoil | Aug 7, 2020

Mark Semoil | Jul 31, 2020

Претставување: алатките за проверка и за означување факти на Гугл

Новиот Fact Check Explorer и упатство чекор по чекор за Fact Check Markup

Mark Semoil | Jul 15, 2020

Извори за репортери и новинари: Центар за коронавирусот на Прва верзија

Упатства, листи за проверка, најчесто поставувани прашања, литература и бази на податоци за разоткривање лажни информации

Mark Semoil | Jul 8, 2020