Во денешниот свет, многу е лесно да се креираат, модифицираат, фабрикуваат и широко споделуваат различни пораки. Информациската средина е загадена на многу начини. Дури и ако самата информација е вистинита, може да се искористи вон контекст и да се претвори во пропагандно оружје. Значи, што може да ни помогне да разликуваме различни форми на информациски неред?

Постојат две главни прашања на кои прво треба да го добиеме одговорот за да дознаеме повеќе за природата на пораката што сакаме да ја анализираме:

· Во врска со вистинитоста/ лажноста: „Дали информацијата е вистинита или лажна?“, „Дали можеш да забележиш некои вистинити, а можеби и некои лажни елементи во неа?“

· За нејзината цел и намерата зад неа: „Дали е создадена со намера да се изманипулираат луѓето?“, „Дали намерата е да се направи некаква штета?“

Ајде прво да ги погледнеме трите главни термини поврзани со информацискиот неред и неговите механизми.

1. 1. Дезинформацијата е лажна или погрешна што се шири со намера да измами или да предизвика штета. Може да се појави во форма на измислена или намерно изманипулирана аудио/визуелна содржина, намерно креирани теории на заговор или гласини кои се шират за да наштетат или да предизвикаат недоверба. Некои примери? Има многу околу нас! Кога блогер намерно менува научни факти во прилог на неговата/нејзината теорија на заговор, тоа е дезинформација. Или кога луѓето на власт споделуваат само селективни информации заедно со нивниот пристрасен коментар, за да ја искриват реалноста, тоа исто претставува дезинформација.

2. 2. Кога се споделуваат дезинформации без намера да се манипулира со луѓето, тоа се нарекува погрешно информирање. Пример би бил споделување гласина дека нешто се случило, пред да откриеш дека всушност не се случило. Можеме да ги категоризираме и ненамерните грешки како погрешно информирање, како што се неточни натписи на фотографии, датуми, статистика и преводи или кога сатирата се сфаќа сериозно.

3. 3. Последниот тип е малинформациja: тоа е намерно објавување на приватни информации за личен, корпоративен или политички, наместо јавен интерес, како што се одмаздничко порно или протекувања одредена е-пошта која е хакирана со цел да се наруши нечија репутација. Може да вклучи и намерна промена на контекстот, датумот или времето на оригиналната содржина.

За да се поедностават работите, многумина го користат терминот „дезинформација“ како општа референца за сите горенаведени три категории.

Дезинформацијата може да има многу различни форми. Најчести се:

1. САТИРА ИЛИ ПАРОДИЈА

Нема намера да предизвика штета, но има потенцијал да измами.

Иако сатирата или пародијата може да се третираат дури и како форми на уметност, тие можат да се користат и за намерно ширење гласини и заговори, и, во случај на какви било обвинувања, тие можат лесно да се отфрлат како нешто што не треба да се сфаќа сериозно/буквално. Оваа форма на информациски неред, исто така, лесно може повторно да се сподели или изобличи и да почне да функционира надвор од својот оригинален, хумористичен контекст.

2. ЛАЖНА ВРСКА

Кога насловите, визуелните слики или натписите не ја поддржуваат содржината.

Иако на почетокот може да ни се чини дека лажните врски, како што се на пример насловите за кликнување, не можат да наштетат туку само да иритираат, пошироко гледано оваа практика може да ја поткопа довербата во медиумите и да промовира поларизација.

3. ЗАЛАЖУВАЧКА СОДРЖИНА

Залажувачка употреба на информации за обликување на прашање или поединец.

Станува збор за сечење фотографии или селективно избирање цитати или статистика со цел да се поддржи аргументот. Честопати можеме да видиме ваков вид изманипулирана содржина без воопшто да знаеме за тоа, бидејќи за нејзино откривање потребно е да се има одредено конкретно знаење, истражување и проверка на изворите (на пример, изворот на цитатот во одредена порака).

4. ЛАЖЕН КОНТЕКСТ

Кога се споделува вистинска содржина со лажни контекстуални информации.

Пример за тоа овде би била слика која е повторно споделена за да одговара на нов наратив. Тоа е моќна форма на информациски неред, бидејќи содржината што се користи е оригинална, така што не може да се негира, но е преврамена на опасен начин за да се поддржи одредено гледиште.

5. ИМИТИРАЧКА СОДРЖИНА

Кога се имитираат вистински извори.

Оваа форма на дезинформација ја користи довербата што може да ја имаш во одредена организација, личност, бренд итн. Многу обиди за фишинг и смишинг (фишинг на мобилни телефони преку пораки) се создаваат на овој начин: се користи логото или името на некои добро познати брендови со цел да се создаде впечаток дека примаш легитимна содржина. Доволно е да си расеан/а или да брзаш, за понекогаш да станеш жртва на таква манипулација.

6. МАНИПУЛИРАНА СОДРЖИНА

Кога се манипулира со оригинални информации или слики за да се измамат примателите.

Обично се работи за фотографии и видеа кои се изменети на таков начин што изгледаат доволно реално, но целокупното значење на вистинската содржина е различно од наменетото. Можеш да видиш примери на такви фотографии и видеа анализирани од еден од нашите експерти, д-р Дрен Гергури.

7. ИЗМИСЛЕНА СОДРЖИНА

Нова содржина која е 100% измислена, дизајнирана да измами и да направи штета.

Кога содржината е целосно измислена, единствената граница е имагинацијата на креаторот на таквата содржина. Да се направи разлика со голо око помеѓу вистинската и измислената содржина е исклучително тешко. Ако си видел/а какви било „deepfakes (целосен фалсификат)“, кои често може да се категоризираат како „измислена содржина“, знаеш колку длабоко тоа влијае на нашата доверба во пораките што ги гледаме.

Ако сакаш да дознаеш повеќе за дезинформациите и што можеш да направиш кога ќе дојдеш во допир со нив, регистрирај се на нашиот бесплатен онлајн курс со самоинтензивна динамика: „Спротивставување на дезинформациите“. Само шеесетте минути потрошени на курсот видливо ќе ти помогнат критички да ги процениш информациите што ги обработуваш секојдневно и да ја зајакнеш твојата дигитална отпорност!