„Пребанкинг“ (Prebunking) или на македонски „Предобелоденување (на дезинформации)“ очигледно потекнува од медицинските науки, базирајќи се на „методот на инјектирање“. Инјектирањето информации во реално време ги штити луѓето од дезинформации со тоа што ги учи како да препознаваат и одбијат дезинформации. Со тоа што им дава „лесна доза“ дезинформации, методот ги учи да идентификуваат и да се спротивстават на погрешните тврдења што може да се шират во иднина.
Значи, „пребанкинг“ (prebunking) е начин да ги научиме луѓето да ги идентификуваат и да се спротивстават на манипулативните пораки пред тие да се случат. „Пребанкинг“ (prebunking) се покажа како ефикасен во помагањето на луѓето да го зголемат отпорот на дезинформациите, вклучително, и во областа на политиката.
Овој метод се фокусира на ширење на знаењето за тоа како луѓето најчесто се манипулирани и измамени на интернет, наместо директно да ги предизвикува измамниците или да им кажува на луѓето во што да веруваат. Како таков, може да резонира кај пошироката публика бидејќи, генерално, е едукативен тон наместо осудувачки или обвинувачки. Често се фокусира на едноставните техники, обидувајќи се да го зголеми капацитетот на поединците да препознаат како се манипулирани.
„Пребанкинг“ (prebunking) не бара претходни вештини или познавање на некоја конкретна тема, што го прави употреблив за различни возрасни групи. На пример, пред изборите, кога се очекува дека ќе има многу лажни вести за манипулирање со гласачите, би било вредно да се спроведе ваква информативна кампања.
Позитивните страни на („пребанкинг“) prebunking се тоа што проактивно се справува со постојаните дезинформации, вклучува техники и методи што се релевантни во тоа време и може да се користат на различни теми и области, не бара постојни знаења или вештини, е со едукативен, а не со осудувачки тон.
Што содржи една порака „Пребанкинг“ (Prebunking)
Пораките што се засноваат на теоријата за инјектирање следат триделна структура:
ПРВИОТ ЧЕКОР
Емоционално предупредување
Корисниците се известени за злонамерните обиди да манипулираат со нив
ВТОРИОТ ЧЕКОР
Микро доза
Корисниците гледаат примери на манипулативни пораки
ТРЕТИОТ ЧЕКОР
Побивање
Корисниците се опремени да забележат и да отфрлат манипулативна порака