Сето ова го промени начинот на живот. Информациите главно ги добиваме на Интернет. Сакајќи или не, она што го слушаме или читаме влијае на нашето однесување, одлуки, светоглед и преференции, а посебно влијае на децата и на тинејџерите во училиштна возраст. Тие треба да имаат соодветно знаење и критички да размислуваат за да можат правилно да се движат низ медиумското/Интернет поле.
Поттикнува критичко размислување
Медиумската писменост им помага на студентите да станат помудри корисници на медиумите, а ги учи и поодговорно да се однесуваат на социјалните мрежи. Наставата за медиумска писменост помага да се поттикне критичкото размислување кај учениците. Во денешно време, децата лесно можат да пристапат до доверливи и несигурни интернет материјали, а многу често и до искривени факти. Главната цел на ваквите објави и содржини, кои имаат необични наслови, е обично да привлечат публика, односно да си ги зголемат прегледите и лајковите, а со тоа да добијат повеќе реклами и да заработат повеќе пари.
Затоа, многу е важно да се подигне свеста за медиумската писменост кај учениците бидејќи тие поминуваат многу време на Интернет. Учениците треба да знаат дека она што го читаме, слушаме и гледаме на медиумското поле, не е секогаш доверливо и реално. Често на Интернет наидуваме на неточни информации, па затоа многу е важно учениците да станат покритични кон информациите што ги наоѓаат преку социјалните медиуми, а во исто време, и да користат алатки за проверка на информациите.
Како изгледа добра програма за медиумска писменост?
Добрата програма за медиумска писменост започнува со учење на учениците како да поставуваат добри прашања и како да ги проверуваат информациите, велат експертите. До крајот на средното училиште, тие веќше треба да да знаат како да ја проверат веродостојноста на вестите што ги гледаат на интернет.
Основната вредност на солидно образование за медиумска писменост, е во тоа дека учениците да бидат способни да пристапат, анализираат, оценуваат, создаваат и дејствуваат, користејќи ги сите форми на комуникација.
Клучно е учениците да научат и како изгледа квалитетното новинарство и правилната медиумска етика. Ова им помага да не станат жртви на информации споделени од луѓе кои немаат новинарска обука или не се држат за етички стандарди.