Способноста за критичко размислување ни помага да не бидеме жртва на дезинформации и може да се користи како алатка за борба против нив. Дезинформациите можат психолошки да влијаат врз критичкото размислување играјќи со нашите емоции. Еден таков пример може да биде употребата на јазик со морални искривувања, во тој случај личните мислења се изразуваат со употреба на силни емоции. Ако знаеме дека јавноста емотивно ќе реагира на одредена тема, тогаш често се случува угледни луѓе да користат зборови како гадење, очај.
Друг начин на манипулирање со критичкото размислување е да се изрази говор на омраза, исто така играјќи со емоциите на слушателот. Во одредени случаи се користат термини како монструм, убиец, бездушен, терорист или предавници. На овој начин, личноста на која се упатени овие зборови се идентификува со тие термини и се демонизира од страна на јавноста.
Современиот човек, за да биде вистински информиран, мора да ги поседува најважните вештини за користење на медиумите:
- Да има критички пристап кон читање и разбирање на информацијата
- Да има технички вештини за користење на одделен медиум
- Да има познавања за пристап кон одделен медиум
Зошто критичкото размислување е важно за елементарната медиумска писменост?
Секојдневно многу центри на моќ (политичка, бизнис, економска заедница) се обидуваат да ја „продадат својата вистина“, а критичкото размислување ја блокира можноста за манипулација и заведување, односно од погрешни расудувања. Неопходно е да се разберат логичките врски меѓу идеите, за оценување на аргументите, да се пронајдат грешки во расудувањето, систематски да се решаваат проблемите, да се потврди важноста на идеите, за да се оправдаат сопствените идеи и верувања. Поимот „критичко размислување“ не треба да се поистоветува со поимот „негативна критика“. Негативната критика е постапка која често се користи во медиумскиот простор, а подразбира спротивставување со единствена цел да се докаже дека нешто е погрешно или лажно, без да се наведат причини, поточно аргументи за да се покаже дека критиката е оправдана, т.е. основана.
Имајќи развиено критичко размислување, лесно може да се утврди дали некоја информација е точна или не.
Кој е изворот на информацијата?
Прво треба да го провериме изворот на информацијата. Кој ја дава информацијата и колку е веродостоен изворот. Во случај на лажни вести, ние секогаш го проверуваме авторот на текстот, доколку информацијата е точна и веродостојна, тогаш името на авторот ќе стои во текстот.
Кој ја дал информацијата?
Истовремено, мора да видиме дали информацијата е од некоја институција или функционер или е лично мислење на авторот.
Факт или мислење?
Следниот чекор е да се анализира тврдењето дали е факт или мислење. Зошто е тврдено така, кој е мотивот за дадената информација, има ли образложение или има некој трет мотив да направи некој да изгледа убаво или да наруши нечиј углед. Некои интелектуални стандарди за критичко размислување се универзално применливи во различни контексти и затоа се наведени во табелата подолу од „Прирачникот за неформално образование за елементарна медиумска писменост“ објавен од Фондацијата Метаморфозис. Дополнително, даден е преглед на прашањата кои би помогнале за полесно разгледување и критичка анализа на аргументите за секој стандард одделно: