Алгоритмите се разликуваат од медиум до медиум, но сепак сите се засновани на машинско учење и збир на фактори наречени сигнали на рангирање. Секој сигнал се користи за рангирање на вредност на дадена содржина за секој корисник поединечно, а потоа се скенира целиот фонд на достапни содржини, се даваат бодови и се рангираат за да одредат кај кој корисник да се појават.
Целта на алгоритмот е да го задржи корисникот што е можно подолго време на платформата. Однесувањето на корисникот на дадена социјална мрежа ќе биде поврзан со неговиот алгоритам. Креаторите на содржини се тие кои ги „полнат“социјалните медиуми со информации, а тие потоа „комуницираат“ со алгоритмите.
Секоја социјална мрежа има свој проток на алгоритми.
Инстаграм алгоритамите се разликуваат едни од други во зависност од функцијата, па така ако содржината е популарна таа ќе ви излегува како предложена, а ако е спонзорирана ќе ви излегува како платена содржина. Популарноста оди прва, потоа оди времето, па дури потоа локацијата. Вашата објава на Инстаграм излегува на луѓе кои често го посетуваат вашиот профил, а излегува помалку на оние профили кои поретко го отвораат профилот.
1. Алгоритам на „Инстаграм“ има неколку функции кои се користат - инстаграм приказна, инстаграм објава, инстаграм истражување, предложени содржини и спонзорирани содржини. Вашите приказни или „сториња“ се прикажуваат на луѓе кои често се во интеракција со вашиот профил, а излегуваат во прегледот погоре, отколку останатите. „Инстаграм“ алгоритмот „истражување“, пак, е специјално направен за да ви ги покаже типовите на содржина кои се препорачливи за вас.
2. Алгоритам на „Тикток“ е поинаков и од особена важност да се разбере, бидејќи се разликува од повеќето социјални платформи, Тој е дизајниран на корисникот да му прикажува нови содржини, наместо да содржини од луѓе што веќе ги следи. Познатите сигнали за рангирање се претходни интеракции. Видеата се селектираат според алгоритмот на содржината, звукот, ефектот и темата што во моментот е во тренд.
3. „Фејсбук“ алгоритам е познат по сигналите за рангирање според пријателство. Вашата активност прво ќе биде исполнета со содржини од луѓе и страници со кои сте пријатели и ги следите. Уште поголема причина да ги охрабрите вашите пријатели и следбеници е да пристапат кон вашата содржина. Алгоритмот на прикажување функционира на начин што на корисниците кои гледаат видеа, им се прикажуваат повеќе видеа, додека корисниците кои гледаат фотографии, алгоритамски добиваат повеќе фотографии. Може да се предвиди дали ќе искоментирате на некоја објава според податоците кои ги имате оставено. Ова е претпоставка за тоа колку е важно тоа што објавувате.
4. „Х“ алгоритмот им овозможува на корисниците да изберат помеѓу временска линија „за тебе“ и временска линија „следни“. Квалитетот на содржината е според тоа дали објавата е релевантна, веродостојна и безбедна. Не се препорачуваат навредливи и спам содржини. Популарноста, пак, се рангира во однос колку лица ќе остварат интеракција на дадена објава.
Алгоритмите се неминовна алатка која се користи од страна на секој социјален медиум. Функционалноста и олеснителната околност која ова алатка ги нуди за обичниот човек би претставувала неколкучасовна работа.
Како и во секоја сфера, па така и тука, може да се појават малициозни намери да му се наштети на корисникот преку алгоритмот, па оттаму е пожелно да се знаат основите за тоа како функционираат алгоритмите, за да може да се спречи или избегне ваква опасност.