Онлајн измамите станаа секојдневие, а нивното распознавање не секогаш е воочливо. Едни од модерните измамнички пристапи за онлајн понуди за работа се прави преку користење на вештачката интелигенција. Измамите за работа добија нова форма, со напредната технологија на ВИ, за да креираат измамнички огласи за работни места, лажни регрутери и лажни веб-страници на компании.
Секој од нас досега имал понуда за рекламирање на ПР пакети, а самите притоа сме биле свесни дека не сме инфлуенсери, ниту пак луѓе кои се занимаваат со блогерство. „Copycat“ понуди за работа опфаќаат апликации кои ви бараат многу лични податоци, па затоа во овој случај е многу важно да се проверат URL- адресите од каде се добиваат информациите. Измамата со криптовалути колку што е позната, толку и не е, бидејќи секојдневно се менува берзата, па и според тоа се менуваат и достапните информации, кои често може да се филтрираат во лажни. Најчестата измама за работа е „внесувањето на податоци“. Ваквата измама се карактеризира со однапред плаќање на семинар или обука за дадена позиција, а пристапот освен плаќање на обуката бара од вас да оставите низа на лични податоци, кои во многу случаи може да се злоупотребат. Тоа е проследено и со „пари во плик“ каде за одредена работна позиција на интернет се бара од вас да уплатите одреден износ на дадена жиро-сметка како паушал за да пристапите кон работа.
Позната измама е „купување опрема“ која е карактеристична за компаниите кои промовираат здрави навики и здрава исхрана. Ова најчесто е со барање од вас да купите производи и да ги продавате, но не и можност да продавате доставени производите од компанијата која ви ја нуди работата.
На нашите простори не се распространети, но во странство, лажните „владини понуди“ за работа се чест начин да се придобие вниманието на луѓето, да пристапат кон аплицирање за одредена работна позиција. Под ова се подразбираат лажни работни позиции во влада или парламент, а за кои не се бараат премногу квалификации. Можеби не ги перцепирате „Google Docs“ како особено опасни, но кликнувањето на врските за да се придружите или преземете одреден документ може понекогаш да ве изложи на штетни врски и вируси. Потребно е да се внимава на адресата на електронската пошта на испраќачот и на сите вклучени линкови.
Измамите на платформата за работа „Линкдин“ станува сè позачестена, а тоа може да се забележи преку низа понуди за работа кои доаѓаат од сомнителни профили. Преку оваа платформа може да дојде и до крадење на информации од луѓе кои сакаат да започнат соработка со вас.
Друг начин за измами се онлајн интервјуа за кои никогаш не сте се пријавиле. Во овие измами се тврди дека лично ги имате оставено вашите лични податоци и биографија. Сомнително во овој случај е што од вас се бара повторно доставување на овие податоци. Фишинг измами се едни од зачестените, па затоа и се најпознати за согледување. Лажните огласи за работа често се користат како мамка за да се добијат чувствителни лични информации од апликантите. Пирамидални шеми се работни позиции кои од вас бараат да регрутирање одреден број на луѓе за да започнете со работа. Најчесто понудите за заработка се нереални, а во многу случаи произлегува и дека се нелегални, а вистината зад тоа е дека нема ни вистински производ за инвестирање и рекламирање.
Препраќање измами е уште еден вид на работна онлајн позиција, каде од вас се бара да мамите други луѓе и на нив да им ги крадете информациите. Понатаму, постојат измами за регрутирање на социјални мрежи каде на корисниците на социјални мрежи им се даваат понуди за работни позиции со конкурентна плата. Мета на ваквите понуди се невработени лица, најчесто самохрани родители, средношколци и студенти и луѓе кои на брз начин сакаат да стасаат до поголема сума на пари. Измами преку жиро-сметки кои преку регрутер ве насочуваат кон перење пари. Во срцето на оваа измама е движењето на средствата од една сметка на друга. Лажни огласи за работни места бараат купување материјали, комплети, материјали за обука или опрема пред да се започне со работа, а најчести вакви измами е работата од дома.
Како да се заштите?
За да се заштите од лажните понуди за работа најпрво треба да научите да ги распознавате. Многу е важно да се провери изворот на понудувачот на работата, па затоа е потребно да се согледа легитимитетот на фирмата која ја нуди. Пред давање на било какви лични податоци потребно е да се провери дали дадената мрежа е легитимна и вистинска. Анализирајте го описот на работната позиција, доколку е нејасен и со печатни грешки има голема веројатност позицијата да е лажна.
Условување за плаќање на обука пред пристапување кон работна позиција, најчесто е знак за лажна работна позиција. Тука е потребно да се проверат изворите. Сомнителни електронски пошти со несфатлива содржина кои бараат од вас оставање на лични податоци е знак за лажна работа. Како за крај „звучи премногу добро за да биде вистина“ е една од најдоминантните мамки кои луѓето најчесто паѓаат, бидејќи сакаат да веруваат дека денес постои лесен начин за заработка на пари. Секогаш кога се нуди висока старт-ап плата, најверојатно е лажно, бидејќи каде и да се вработите никогаш почетната плата не може да биде во истата рамка со некој со повеќегодишно искуство во одредена сфера.