Што претставуваат „позитивните наративи“?
„Позитивните наративи“ се текстови, приказни или описи и стории што промовираат позитивен став на одредено прашање и помагаат да се изгради силен аргумент за таа тема заснован на факти и вистина, не оставајќи простор за дезинформации, злоупотреба и искривување на информациите поврзани со таа тема. На пример, членството на земјата во Европската Унија може да се третира во призмата на позитивниот наратив, истакнувајќи ги сите придобивки што ги има една земја пред и по пристапувањето.
Позитивните наративи имаат значајна улога во борбата против дезинформациите и пропагандата, да помагаат во подигање на свеста и критиката на корисниците на информацијата.
Неколку начини како позитивните наративи може да се користат за борба против дезинформациите се следните:
· Фокусот на факти и веродостојни извори: Градењето позитивни наративи околу важни теми и нивно дефинирање со факти и веродостојни извори на информации, помага да се шират точни и веродостојни информации.
· Користењето реални и документирани приказни: Вистинските и документираните приказни за успех, напредок и соработка може да послужат како противодговор на лажни и манипулирани наративи.
· Користењето научни факти и експертиза: Во случаи кога дезинформациите се спротивставуваат со научни факти и со стручна експертиза, користењето позитивни наративи за зајакнување на овие факти и експертиза може да биде многу ефикасно.
· Фокусот на соработка и солидарност: Позитивните наративи што се фокусираат на соработка, солидарност и заемна поддршка можат да придонесат за споделување моќна порака против поларизацијата и ширењето на конфликтот.
· Создавање култура на критичко размислување: Негувањето култура на информациска критика и промовирање вештини за критика и анализа на информацијата, помага да се подигне јавната свест за дезинформации и пропаганда.
· Употреба на хумор и иронија: Во некои случаи, употребата на хумор и иронија за разоткривање на апсурдноста и измамата на дезинформациите, може да биде моќна алатка за намалување на нејзината веродостојност.