Не е прв пат човештвото да се соочи со епидемија, но количеството на информации за епидемијата достигнува невидено ниво. Речиси е невозможно да не бидете изложени, особено на интернет. Овој шум претставува закана за репортерите и новинарите што известуваат за темата и сакаат да објавуваат точни информации. Имајќи го ова предвид, Прва верзија (непрофитна организација за борба против информативниот хаос) создаде нов центар за новинари што известуваат за коронавирусот. Редовно ажурираниот центар е ресурс за следните клучни аспекти, меѓу многу други:
● алатки за собирање вести и верификација;
● упатства за етика и одговорно известување;
● база на разоткриени дезинформации; и
● линкови за да се регистрирате за видео повици за коронавирусот
Вистински скапоцен камен
За релативно краток период Прва верзија создаде архива во која може да се пребарува со проверени факти за дезинформации за коронавирусот од целиот свет. До 16 март 2020 г. базата содржеше информации од повеќе од 70 организации добиени од алатката на Гугл за проверка на факти и од Меѓународната мрежа за проверка на факти (ИФЦН) на Појнтер (Poynter). ИФЦН беше основана во 2015 година како глобална соработка на организации за проверка на факти. Мрежата објави заедно повеќе од 800 проверки на факти за коронавирусот во првите седум недели од пандемијата и продолжува да ја ажурира редовно листата на дезинформации за коронавирусот.
Иако е сè уште во својата алфа-фаза, базата на податоци опфаќа информации на повеќе од 20 јазици, кои можат да се пребаруваат на англиски јазик, а пребарувањето овозможува употреба на булови операции.
Што е тоа булова операција!?
На пример, користење на И за да најдете информации што ги вклучуваат двата клучни зборови.