Колку пати сте се соочиле со непријатната ситуација вашите драгоцени податоци (фотографии, видео снимки, итн.) ги изгубите засекогаш поради мало невнимание или пак и не по ваша вина? Дали секогаш внимавате на тоа да чувате безбедна копија од вашите најдрагоцени податоци, или пак единствено се потпирате на вашиот антивирусен софтвер да ве одбрани против сајбер-напади со уцена (ransomware attack)?
Според Агенцијата за сајбер-безбедност на Европската Унија (АССЕУ), втори по големина сајбер-напади во 2020 година (веднаш по malware нападите) беа токму ransomware нападите, и тие сочинуваа речиси една третина (28%) од вкупниот број на инциденти. Иако вообичаени мети на ransomware нападите се поголеми компании и корпорации, и загрижувачки, се повеќе и повеќе здравствени институции и компании, сепак не штети сите ние да се погрижиме нашите податоци да се безбедни.
Најлесен начин да се осигуриме дека сме безбедни од ransomware напади е преку редовно правење резервни копии од нашите податоци – т.н. бекап на податоци. Иако правењето на бекап нема да се направи имуни на овој вид напади, но доколку дојде тоа нашите податоци да бидат компромитирани, чувањето на скорешен бекап има потенцијал драстично да ја намали штетата. Според Националниот Центар за одговор на компјутерски инциденти (MKD-CIRT), кој функционира во склоп на Агенцијата за Електронски Комуникации (АЕК) на Северна Македонија, само 50% од граѓаните редовно прават бекап на податоците, и само 11% прават редовен бекап (еднаш неделно) од нивните поважни податоци.
Во продолжение погледнете го нашиот брз водич/потсетник за правење бекап на вашите податоци.
Важно: секогаш пред да правите било какви промени на вашите уреди, консултирајте се со ИТ одделот во вашата компанија/организација. Доколку не постои ваков оддел, консултирајте се со менаџментот за вашите интерни политики. Дел од чекорите во препораките можеби ќе бидат надвор од вашата комфорна зона, па ве охрабруваме да побарате помош од професионалци доколку сметате дека има потреба.
Илустрација во позадина: Photo by Zephyr18 from iStock / iStock license