Пренесете, ве молам
Од роднини со луди тврдења на Ватсап до бучни пријатели на вашиот ѕид на Фејсбук, кои никогаш не слушнале за концептот „потврдена информација“. Нашите екрани се полни со лажни вести, а оние кои ги шират не се ниту свесни за влијанието на нивните небрежни постапки. Обично барат само да „пренесете, ве молам“.
Тешко е да се обвинат пријателите и роднините, а уште е потешко да им се спротивставиме. Нивните постапки се добронамерни; тие најчесто сакаат да нè предупредат, да нѐ известат, да нè информираат за закани, затоа што обично тоа ги поттикнува да споделат објава или да испратат порака. Во многу случаи, тие несвесно шират лажни вести. Но, така се шират дезинформации, затоа милиони луѓе читаат лажни вести за 5Г и за коронавирусот на Ватсап за неколку недели.
Невозможно е да се проследат тврдењата наназад и да се дознаат намерите на луѓето што ги пласираат први, но резултатот е секогаш истиот: матни води, збунети маси и пораки на Фејсбук и на Ватсап полни со ѓубре.
Проверката на факти трае неколку секунди
Повеќето денешни алатки за проверка на факти даваат резултати за содржина напишана на англиски јазик. Но, конечно, Fact Check Explorer на Гугл дава резултати за содржина напишана на кој било јазик. Се препорачува да ја користите алатката со пребарување на основниот јазик на прелистувачот.
Сервисот работи прилично добро и на мобилен уред, а резултатите се собираат со употреба на многу проверувачи. Благодарение на широкиот дострел, Гугл може да собере толку многу содржина и да претстави веродостојни резултати.
Илустрација во позадина: Photo by rcphotostock from Freepick / Freepick license