Подолу се дадени неколку совети како полесно да ги идентификувате фотографиите создадени со вештачка интелигенција за да не станете жртва на визуелната манипулација.
Најди го изворот на сликата
За да ја потврдите автентичноста на сликата, побарајте го нејзиниот извор. Проверете ги коментарите под сликата за да најдете информации за оригиналната објава. Пребарај ја сликата во Google Image Reverse Search („Гугл имиџ риврс срч“), TinEye („ТинАј“) или Yandex („Јандекс“). Ова може да помогне да се најде оригиналниот извор на сликата. Резултатите од пребарувањето може да обезбедат и проверки на факти од веродостојни медиуми што обезбедуваат дополнителни информации
Пазете се од премногу чисти текстури (измазнет [smooth] ефект)
Пазете се од текстурите создадени од вештачката интелигенција што претставуваат многу чист неприроден изглед, што наликува на сјајно пластично лице. Обрнете посебно внимание на овие детали за да ја идентификувате потенцијалната манипулација.
Барајте лого (watermark)
Друг валиден знак за идентификација на сликите создадени со вештачка интелигенција е присуството на лого. DALL-E 2, на пример, ги става во секоја слика што ја добива од својата веб-страница, иако не може да се забележи веднаш. На сликата во горниот десен агол можете да го најдете логото. Ако го забележите логото, можете лесно да кажете дека сликата е создадена со помош на DALL-E 2.
Анализирај ја заднината
Заднината на сликата може да послужи како уште еден индикатор за да се утврди дали сликата е манипулирана. На манипулираните слики, предметите во задниан може да бидат искривени, како што се искривените улични светилки.
· Зумирајте и погледнете внимателно
Сликите создадени со ВИ, често, на прв поглед, изгледаат веродостојно и реално. Затоа, нашата прва препорака е добро да ја погледнете сликата. За да го направите ова, побарајте слика со највисока резолуција и зумирајте колку што можете повеќе со што е можно пофини детали. Зумирањето на сликата ќе открие фалсификати или грешки што се занемаруваат на прв поглед.
Дали постои технолошко решение за идентификација на сликите создадени со вештачка интелигенција?
Голем број комерцијални софтверски производи тврдат дека имаат способност да идентификуваат „дипфејк“, вклучително и понуди од технолошкиот гигант „Интел“ што можат да се пофалат со 96 % точност во идентификувањето лажни видеа. Сепак, овие алатки се ограничени, бесплатните онлајн алатки не можат точно да идентификуваат дали сликата е создадена од вештачка интелигенција или не.