На пример, кога ќе добиете електронска пошта и ако во него се бара да кликнете на одредена веб-страница, поставете си ги овие прашања и размислете - Кој е испраќачот на овој мејл и дали истиот е доверлив извор? Дали електронската пошта е оригинална? Која е адресата на изворот? Какви се правописот и контекстот? Дали линкот е легтимен?
Во однос на тоа, како да ги заштитите вашите информации, еве неколку совети кои ќе ви бидат од корист. Никогаш не откривајте безбедносни детали, како што се детали за вашата сметка или некои безбедносни прашања.
Не се потпирајте на тоа дека одредена електронска пошта, текст или телефонски повик се автентични. Користете Интернет за да ги потврдите деталите за контактот, доколку е потребно.
Не брзајте. Наместо тоа, вистински организирајте се. Слушајте ги вашите инстинкти, па ако има нешто што не ви се чини во ред, тогаш ќе знаете. Држете ги работите под контрола, не паничете и донесете одлука за која нема да зажалите.
Денес во светот, околу пет милијарди луѓе користат Интернет, а најголем број од нив ги користат социјалните мрежи како средство за коуникација. Иако е забавна, таа комуникација може да е ризична, па така, кога луѓето споделуваат лични информации за себе, тие може да станат мета на измамници и крадци на идентитет.
Како да бидете претпазливи и кои мерки да ги преземете за да се заштитите себеси и вашите пријатели и семејството на социјалните мрежи?
Секогаш користете ги најсилните поставки за приватност што можете. Проверете го делот Поставки на вашиот профил на социјалните мрежи и проверете дали тоа што го објавувате може да го видат само вашите пријатели. Размислете што објавувате пред да го објавите. Лесно е за луѓето погрешно да разберат шега или забавно меме, особено со милијарди луѓе таму кои би можеле да ги видат.
Често се случува во чет на нашата месинџер или инстаграм комуникација, да добиеме линк кој ако го отвориме, ќе се информираме, на пример, за одредени попусти во некоја продавница или бренд, но често тоа се небезбедни линкови за отворање. Размислете пред да кликнете!