За да се избегнат замките на лажните профили потребно е да се воочат неколку клучни точки со цел да бидете сигурни дека профилот кој ве исконтактирал е вистински, а не лажен.
Секогаш кога ќе се поврзете на социјалните медиуми очекувате да комуницирате со вистински луѓе, но понекогаш ликот позади профилната слика може да не биде реален. Луѓето кои најчесто стојат ваквите профили се карактерно несиугрни, или пак имаат намера да ви наштетат со крадење на информации или да предизвикаат потсмев и презир.
Како да ги препознаете лесно лажните профили?
Најчесто лажните профили се воочливи според профилната фотографија, па затоа е потребна добра анализа кон сликата која е ставена на профилот, во однос на тоа дали е генерирана со вештачка интелигенција и дали релевантно се совпаѓа со името на профилот.
Дневната активност на профилот е многу важна, ако активноста на профилот е од скорешен период, тогаш најчесто се работи за лажен профил, а ако воопшто нема активност тогаш со сигурност е направен неодамна и со одредена цел.
Листата на пријатели и следбеници е уште една во низата карактеристики со цел да се препознае дали профилот е вистински. Поголемиот број на следбеници и пријатели автоматски ни покажува дека профилот припаѓа некому, додека профилот со малку следбеници од кои истите се лажни профили веднаш ни дава до знаење дека е лажен.
Од начинот на споделување на содржини најмногу може да се види дали некој профил е вистински или не. Вистинските профили најчесто ги имаат сите позитивни карактеристики, па содржината и не секогаш мора да содржи поткрепувачки контент, додека лажните профили најчесто ги немаат горенаведените карактеристики, а имаат содржини кои се генерирани од страна ВИ.
Комуникациски стил на лажните профили најчесто може да се забележи по генеричките реченици, но понекогаш може да бидат добро структурирани, па секој којшто ќе ја отвори пораката да поверува во неа. За најлесно да се открие дали пораката е лажна или не, потребно е да се отвори профилот и да се побараат основните карактеристики кои ги прикажавме погоре, со цел да се утврди дали сте можеби мета на измама и дали ве контактира вистинската личност зад профилот.
Во време на проширени дезинформациски наративи и во време кога се соочуваме со голем број лажни профили кои се обидуваат да исцрпат одредени информации од нас или пак да ни наметнат одредени наративи, од исклучителна важност е да се заштитиме себе и нашите лични податоци, па оттаму со исклучителна внимателност треба да одбереме со кого ќе воспоставиме комуникација на социјалните мрежи.