„Миражот на вистината: комплексности и предизвици на дезинформациите во Западен Балкан“ е совршена лектира за оние кои сакаат да дознаат повеќе за пејсажот на дезинформациите во регионот.
Публикацијата опфаќа теми како: капацитетите на владите да се справат со дезинформациите, законодавните места за тактики против дезинформации, регулирањето на дигиталниот простор, прилагодувањата на наставните програми за образование и можностите и ограничувањата на механизмите за соработка на целото општество?
Публикацијата може да ја погледнете тука и е издадена во рамките на проектот Зајакнување на општествената отпорност и борба против постојаните странски дезинформации во 6 земји од Западен Балкан.
Делот кој се однесува на состојбата во Северна Македонија е подготвен од директорот на Фондација Метаморфозис – Бардил Јашари.
Оваа публикација особено се препорачува на идните истражувачи и практичари со тоа што би ги поттикнала за размислуваат како дезинформациите влијаат на целиот општествен екосистем, од безбедноста и надворешната политика до управувањето, медиумите и образованието.