Иако ТикТок има воспоставено регулативи за зајакнување на безбедноста на младите луѓе и повлекување на несакани содржини, корисниците на социјалната мрежа наоѓаат начини да избегнат детектирање од алгоритмите на ТикТок.
За да избегнат цензурирање на нивните видеа, корисниците на ТикТок манипулираат со алгоритамот за да не ги детектира експлицитните содржини. Во видеата во кои се гледа крв, корисниците користат хаштаг „#fakeblood“, кој го лаже алгоритамот да мисли дека сцената на видеото е несериозна и дека е глума, друг пример е употребата на англискиот збор „unalive“ кој во превод значи „нежив“ на овој начин корисниците го избегнуваат зборот смрт и алгоритамот не може да го детектира видеото. Сето ова овозможува видеата со експлицитна содржина на војна, самоповредување и опасни предизвици да се споделуваат со голем замав. Содржините на ТикТок, од моментот кога се споделуваат од еден профил, се споделуваат и на други профили, што уште повеќе ја отежнува проверката на оригиналното видео, но и нивното цензурирање
Медиумите играат витална улога во споделување на видеата со експлицитна содржина на други платформи, при што резултира со изложување на нова публика на оваа содржина.
Што треба да направат медиумите во случаи кога се споделува опасен предизвик на ТикТок?
· Медиумите треба да ги проверуваат информациите и нивните извори
Содржините на ТикТок не се секогаш веродостојни и засновани на кредибилни извори. Често се случува лажни профили да споделуваат содржини со политички цели, за пропаганда и за гледаност.
Децата и младите често стануваат жртва на овие содржини, што резултира и со нивна повреда.
Пред да се споделуваат овие содржини, медиумите мора да го идентификуваат лицето кое ги создава овие содржини, потеклото на содржината и за која цел е објавена и како е перцепирана од јавноста, а потоа да одлучи дали да се споделува таква содржина или не.
Таков беше случајот со играта „Син кит“, која се прошири во многу земји, не само во Северна Македонија. Но, оваа игра за која се тврди дека предизвикала повреди и смртни случаи на поединци, никогаш не е потврдено дека постои или нема конкретни докази за истата, освен сведочењата на луѓе кои потврдуваат дека тие го играле истото. Медиумите несподелувајќи ги овие содржини, и непроверувајќи ги истите влијаат на зголемувањето на нивната гледаност
· Медиумите не треба да ја споделуваат содржината на поединците кои изведуваат предизвици на нивните платформи
Често се случува медиумите, без да размислат добро, да споделуваат видеа од поединци кои прават опасни предизвици на ТикТок. Ваквото споделување резултира со информирање на новата јавност за таквата содржина, доведувајќи во опасност и други луѓе.
Трауматските сцени и вестите со трауматична содржина привлекуваат поголемо внимание и кликови. На овој начин тие се споделуваат побрзо и полесно. Но, медиумите треба да имаат предвид дека честото известување за овие настани може да резултира со изложување на пошироката јавност на овие опасни содржини и да се зголеми бројот на луѓе кои се обидуваат да ги изведуваат предизвиците и на овој начин да се зголеми бројот на повредени.
· Честото известување за таква содржина може да предизвика зголемување на самоповредувањето и зголемување на смртни случаи
Луѓето кои го користат ТикТок најмногу се деца и млади, но тоа не го користат сите. Споделувањето на опасните предизвици на TикТoк на други платформи како што е Facebook може да резултира со изложување на нова публика на оваа содржини и да ги поттикне и тие да ги изведуваат предизвиците, зголемувајќи го бројот на повредени луѓе, а во потешки случаи дури и смрт.
Експертот за социјалните мрежи Гзим Ќаили за Телеграфи вели дека најефикасен начин да се намали нивната гледаност е да не се разговараат постојано бидејќи тие се хранат со тоа.
· Медиумите не треба да ги објавуваат личните податоци на жртвите
Во случај на несреќи и случаи на повреда при изведување на овие опасни предизвици, медиумите не треба да прикажуваат слики или лични податоци на жртвата. Во повеќето случаи медиумите го објавуваат името и презимето на жртвата од каде се, но и нивните слики, а понекогаш дури и нивните профили со слика од немилиот настан. Медиумите мора да известуваат врз основа на Етичкиот кодекс, кој гласи:
“Новинарот мора да ја почитува приватноста на личноста, само доколку е во спротивност со јавниот интерес. Новинарот е должен да ја почитува болката на лицата„.
· Фокусот на медиумите треба да биде едукацијата
Со зголемување на бројот на онлајн информативните портали, на јавноста не и е јасна целта на медиумите. Целта на медиумите е да информираат за прашања од јавен интерес преку едукација за начините на кои јавноста може да се заштити од одредени појави.
Во случајот со предизвиците на ТикТок, медиумите се фокусираат на тоа како тие предизвици се изведени, на која локација и со кои методи. Ваквото детално известување објаснува како се изведуваат овие предизвици и го олеснува пристапот кон овие предизвици.
Медиумите можат да помогнат во вакви случаи со тоа што ќе разговараат со експерти и ќе ги советуваат родителите, наставниците и сите вклучени страни за начините на кои можат да ги спречат овие настани.