Освен што ги штити вашите податоци со нивно енкриптирање, VPN исто така го спречува и следењето на историјата или на локацијата. Ова е голема придобивка за оние што сакаат да „сурфаат“ на интернет со зголемена приватност.
Иако VPN е легален во повеќето земји, неговата употреба сè уште е забранета или ограничена во некои земји. Според „Форбс“, VPN е нелегален во Белорусија, Ирак, Северна Кореја и во Туркменистан. Тој е легален со одредени ограничувања во Кина, Египет, Оман, Русија, Турција и во Обединетите Арапски Емирати.
Предности на VPN
Сега кога знаете што е VPN, тука има неколку работи за кои е корисен, така што можете да одлучите дали ви е потребен.
Прво, постои безбедноста на податоците какви што се работната е-пошта, информациите за плаќање и означувањето на локацијата. Овој тип информации лесно се злоупотребуваат ако криминалците ги добијат, а VPN им го отежнува тоа.
Дополнително, ако работите од дома, можете да имате корист од VPN, бидејќи ќе можете да пристапите до ресурсите на компанијата каде и да сте, сè додека имате интернет-конекција.
Трето, а можеби и најинтересно – можете да користите VPN за пристап до ограничени географски содржини (на пример, филмови што не се достапни за регионот на некои услуги за пренос). Сепак, имајте на ум дека многу услуги за пренос имаат VPN-блокатори, па можете да се мачите да најдете некој што ги „пробива“ популарните сајтови како Нетфликс, Амазон итн.
Четврто, користењето на VPN е корисно во земјите каде што властите го ограничуваат пристапот до одредени услуги (Кина е можеби најпознатиот пример). Покрај тоа што овозможува заобиколување на блокирањето, VPN го отежнува и следењето на корисниците.
Недостатоци на VPN
Иако VPN има свои предности, како и секоја друга технологија, има и недостатоци. Тука има брзо резиме на некои од недостатоците.
Прво, како и со сè друго во животот – колку пари, толку музика. Не се сите VPN исти, така што квалитетот може да ве чини. Не мора да биде огромна сума, туку море од бесплатни услуги, една статија за која треба да платите секој месец, несомнено може да ги исклучи потенцијалните корисници.
Второ, користењето на VPN ја зголемува потрошувачката на вашите мобилни податоци, бидејќи сега мора да „дојде“ и на VPN-серверот. Ова, ако користите VPN на вашиот телефон, може да доведе до повисока сметка.
Трето, ако изберете VPN што не е многу добар, може да ја забави вашата интернет-конекција без да ви даде речиси ништо за возврат. Дополнително, постои исто така можноста VPN да ги продаде вашите податоци на трета страна, иако овој ризик постои со сè на интернет каде што поминуваат вашите податоци. Само треба да верувате.
Последниот недостаток што би го истакнале е дека повеќето VPN едноставно не се доволно ефикасни за апликациите што се најпопуларни. Како што кажавме, многу услуги за пренос неодамна почнаа агресивно да блокираат VPN, па веројатно ќе треба да пробате многу од нив пред да поминете еден од тие блокови.