Покрај тоа што на сите им се познати, понекогаш имаме потешкотија да ги препознаеме. Сепак, постојат неколку основни тактики за препознавање кои, ако ги применуваме, нема да имаме проблем во нивно препознавање.
Најпрво накратко да објасниме што е тоа чет-бот?
Генериран од вештачката интелигенција ботот е софтверска програма што може да извршува рутински задачи, како што се онлајн пребарувања, автоматски или со минимална човекова интервенција. Чет-ботот е тука да помогне во извршувањето на некои основни задачи и да комуницира со корисници на нивниот својствен јазик. Карактеристични вештини на чет-ботовите подразбираат способност за темелна анализа и давање брзи одговори. Поради тоа што е генериран начинот на комуникација истиот може да се препознае, но понекогаш тоа може да биде и невозможно.
Во зависност од тоа колку знаење имаме во сферата на ВИ препознавањето на ботовите ќе може да ни оди лесно, но може да имаме и потешкотии.
Видови на чет-ботови
· Социјалните ботови се појавуваат во форма на лажни профили, а работат за да ги известуваат корисниците, и во голем број од случаите да ги збунат. Најзабележливи се на социјалните мрежи „Фејсбук“, „Х“, „Инстраграм“ и ВотсАп“. Ваквите чет-ботови се користат најчесто од блогери и инфлуенсери со цел да ги зголемат своите следбеници и да предизвикуваат лажна искривувачка слика кај публиката дека нивните профили се од висока вредност.
· Технички ботови се едни од најраспространетите, но сепак тие остануваат „во сенка“, а како поткатегории се сметаат веб-ботови, веб-пајаци, вики-ботови, знам-ботови, мониторинг-ботови, трансакциски-ботови и купувачки-ботови.
· Малициозни ботови се карактеризираат како негативни. Тие имаат цел да му наштетат на корисникот, да го преоптоварат серверот, да скенираат и заобиколуваат безбедносни мерки со цел да нападнат веб-сајтови, да водат лажни сметки, да објавуваат „спам“ содржини итн.
Целта на ботовите без разлика на нивното својство е да ја искриват реалната слика на корисникот и понатаму да настапат кон ширењето на дезинформации и лажни вести.
Како да ги препознаеме чет-ботовите?
Секојдневно на интернет ни се филтираат безброј информации кои не секогаш можеме да ги препознаеме дали се вистински или лажни. Сепак потребно е знаење за препознавање на нешто што е вистинско, лажно, а во модерното доба и генерирано од вештачката интелигенција.
· Чет-ботовите се генерирани од ВИ, па поради тоа карактерот на нивното дејствување е генерички, тие користат константни и дескриптивни фрази.
· При поставување на прашање или стапување во комуникација ќе може да се забележи повторувачки одговор или „навраќање“ на решението.
· Брзината на одговорот е клучна, па така што побрз е одговорот поголема е веројатноста дека зборувате со чет-бот, а со сигурност тоа може да се потврди, ако се достапни 24 часа секојдневно.
· Генерирањето со ВИ нема емоции како што ги има секој човек, па така невклученоста на сентиментот ќе биде веднаш препознаена.
· Повторувањето на информации „како папагал“ е дејствие кое честопати се случува, а може да се препознае дури и во втората реченица.
· Не постојат грешки при комуницирањето со чет-ботовите.
· Разговорот оди во ист правец, а истиот е проследен со одбивање или одрекување на одговорност и најчесто завршување на разговор е без емпатија и емоција.