Појавата на вештачката интелигенција беше долгонајавувана, но сепак за многу луѓе означи шок на нешто непознато, на момент и неприфатливо, бидејќи не сите луѓе сакаат промени. Промената означува почеток на нешто ново, нешто кое на човек му предизвикува процес на обука и понатаму привикнување кон истото. Во овој контекст, за вистински и на правилен начин ја користиме вештачката интелигенција потребно е истата да ја познаваме, бидејќи само така ќе може да го извлечеме максимумот.
Кога се работи за вештачката интелигенција и нејзиното користење потребно е основно познавање и знаење.
Прво нешто што треба да знаеме е како правилно да ја користиме дадената апликација која содржи ВИ, а понатаму треба да знаеме какви информации таа бара од нас. Одделувањето на важните од неважните информации, само ќе ни помогне во финалниот резултат. Ако можете да одделите и да подредите информации, автоматски, роботот ќе се фокусира на дадена содржината и истата подетално ќе ја разработи. Во овој процес, потребно е да се постават граници, бидејќи не секогаш тоа што е генерирано од вештачката интелигенција може да се примени во секојдневието. Треба да разбереме дека сепак тоа е вештачко, генерирано од човек, па де факто и не може да биде попаметно од самиот човек. Затоа е потребно да знаеме до каде да одиме со земањето информации, техники и совети од форматот на вештачката интелигенција.
Познавањето на сферата во која се користи одредена форма на вештачка интелигенција е многу важно, бидејќи ако се користи погрешен формат, тогаш воопшто не одиме во вистинската насока. Потенцирајте ги етичките размислувaња затоа што од голема важност се приватноста, непристрасноста и транспарентноста. Под ова се подразбира на етички и правилен начин да се користат алатките на ВИ, бидејќи на тој начин може да се изгради доверба со останатите корисници и засегнати страни. Па затоа најважно е да се придружувате до етички упатства и прописи со цел да се избегнат потенцијални ризици.
ВИ ја олеснува секоја околност, па така таа може да се користи во обработка на текстови, слики, аудио и видеоснимки, креирање на табели во Excel, разработка на комплексни теми, менаџирање, програмирање, навлегување во сфера на производствената индустрија, креирање олеснителни околности за веб-сајтови, креирање на содржини на социјални мрежи и детектирање на создаден плагијат.
Освен тоа, денеска секој од нас може да има свој персонален асистент, а единствено нешто што е потребно да се направи е да ги прикачите вашите забелешки за наредните недели и дополнителни документи, а благодарение на ВИ ќе имате организиран претстоен период. Креирањето на бизнис слика е една од најкористените позитивни алатки на ВИ. Преку овие алатки може да се генерира позитивна ПР слика, да се приближите до посакуваниот аудиториум, а сè што треба да направите е да наведете податоци за обработка, а кликот ќе го поттикне роботот од другата страна да го заврши остатокот од работата.
Денеска се познати форми кои содржат вештачка интелигенција и кои од ден на ден навлегуваат подлабоко во животот на човекот. Многу од луѓето не се ни свесни дека се опкружени од вештачката интелигенција, но нели, понекогаш всушност во тоа се крие и убавината.