Но, тоа може да се случи денеска или веќе сте таму, во толпата, и размислете како да постапите. Еве 4 работи за кои треба да размислите.
1. Екстремистите сакаат да пишувате за нив
Пред да објавите што и да е, знајте дека екстремистичките групи сакаат да објавувате вести. Затоа, пред да го сторите тоа, размислете што тие би сакале да објавите. Дејна Бојд дава свое видување за тактиките за манипулирање со медиумите: „Манипулаторите во медиумите развиле стратегија од три дела, која се потпира на сегашната структура на медиумскиот екосистем“.
1. Создавање спектакл преку користење на социјалните медиуми за да се добие медиумска покриеност.
2. Користење фрази што ги тераат новите делови на публиката да ве најдат на пребарувачите.
3. Станување „дигитален сведок“ за да помогнете во радикализацијата на другите.
Значи, пред да објавите, размислете дека вреди да се известува за тоа (погледнете ги советите на Витни Филипс за редакции како насока).
2. Известувањето за насилство може да биде заразно, затоа целосно свртете го вниманието на фактите
Витни Филипс пишува дека „репортерите и уредниците треба да гледаат на насилните антагонизми како на заразни по природа, а при известувањето треба да ги имаат предвид најдобрите практики за известување за самоубиства, масовни убиства и за тероризам, кои се познати како настани што предизвикуваат копирање содржини кога се известува за нив“. Еве дел од нејзините совети што ги приспособив за потребите на овој напис:
Сторијата треба да биде конкретно наменета за заедниците за кои станува збор
Конкретно наведете го бројот на учесниците, не користете нејасни изрази за бројот на учесниците
Избегнувајте да ги барате/објавувате само најлошите изјави што ги наградуваат и ги засилуваат тие со најекстремистички гледишта
Насочете го вниманието на резултатот од случката, а не на организаторите
Сведете ги сензационалистичкиот јазик и наслови на минимум
Намалете го претставувањето на екстремистите како антихерои
Не давајте повеќе информации за настан или за конкретниот напаѓач одошто е потребно, особено ако таквите информации служат како нацрт за преземање идни напади
3. Имајте на ум како вашиот медиум може да биде искористен за да направи штета
Ако објавите слики, видеа или аудиозаписи, може да се очекува дека екстремистичките групи сакаат да ги ширите таквите материјали, кои подоцна може да ги симнат и да ги користат во своите кампањи. Се предлага следново:
Да бидете многу внимателни при создавање и објавување слики, особено кога таквите слики го омаловажуваат човековото достоинство и содржат силни предрасуди
Да бидете многу внимателни при реобјавување „мемиња“ и слогани што се користеле за време на конкретни напади, особено кога тие го омаловажуваат човековото достоинство и содржат силни предрасуди
Ставете текст и/или други информации за контекстот во самата слика за да не биде лесна мета на манипулаторите за крадење и ширење
(Мој предлог) Пред да објавите слики од случајни минувачи или контрапротестирачи со информации за нивниот идентитет, размислете за ризиците за тие лица
4. Ставете го настанот во контекст и консултирајте се со експерти
Ако правите вест за екстремистички настан, прво информирајте се за контекстот и за прашањата поврзани со тој настан. Се предлага следново:
Бидете особено темелни во врска со минатото на насилството, кое се заснова на идентитет, и минатото на активистите што се бореле против него
Во прв ред ставете ги гледиштата на експертите, особено кога тие нудат информации од историска гледна точка и/или кога предупредуваат за злоупотреби од страна на уредниците
Од приказните што содржат или изгледа дека содржат штетни информации, репортерите не треба само да ги цитираат експертите, туку треба активно да ги консултираат тие што проучувале пропаганда водена преку компјутер и/или медиумска пропаганда и други форми на манипулација во медиумите