Алатките за проверка на факти на Гугл се состојат од две алатки: Fact Check Explorer и Fact Check Markup. Двете алатки имаат за цел да ја олеснат работата на проверувачите на факти, новинарите и истражувачите.
Fact Check Explorer
Оваа алатка ви овозможува лесно да пребарувате проверки на факти. На пример, можете да пребарувате за изјава на политичар или за некоја тема. Исто така, можете да ги ограничите резултатите на одреден издавач. Може да пребарувате по клучни зборови и да видите список на релевантни тврдења и проверки на факти. Можат да се користат секакви клучни зборови, од конкретни теми, до целосни цитати на политичари. Во основа, сè што би барале преку пребарувачот на Гугл.
Резултатите ќе бидат ограничени автоматски на јазикот на вашиот прелистувач. Исто така, можете да ги видите резултатите за сите јазици преку паѓачкото мени.
Можете да ги пребарувате и сите резултати од одреден издавач со кликнување на полето со издавачот во одреден резултат или со опцијата за ограничување на резултатите. На пример, "site:politifact.com" или "site:politifact.com immigration".
Главната страница на Fact Check Explorer содржи линк до „Најнови проверки на факти“ што прикажува хронолошка листа на сите проверки на факти.
Алатка Fact Check Markup
Кога издавачите пишуваат статија за проверка на факти, можат да додадат ознака schema.org/ClaimReview на статијата. Оваа ознака е структуриран податок што содржи информации за проверката - на пример, кое тврдење се оценува, кој ја дал изјавата, каква е оценката за точноста и друго.
Прикачувањето ClaimReview на статија за проверка на факти ќе им овозможи на машините за пребарување да препознаат лесно дека е тоа статија за проверка на факти и да ја обележат како таква во резултатите од пребарувањето и на други површини.
Имајте предвид дека ClaimReview е отворен екосистем: секој издавач може да избере да додаде ознака ClaimReview на статија за проверка на факти.
Пред оваа алатка, единствениот начин да се стави структурирана ознака (т.е. ознака schema.org/ClaimReview) на страница беше да се вметне ознаката во HTML-адресата на статијата. Овој процес бара одредено ниво на стручност и може да биде подложен на грешки.
Целта на оваа алатка е да го олесни процесот на креирање ознака ClaimReview, со тоа што се овозможува да се достави ознаката преку едноставен веб-образец, без потреба од додавање што било во самата статија.
Сите ознаки поднесени преку оваа алатка се чуваат на datacommons.org и се јавно достапни преку податочен пакет. Пребарувачите го користат овој пакет за да обезбедат соодветните написи да се третираат како проверки на факти.
Кој може да создаде ознака за одредена страница?
Корисниците се овластуваат преку конзолата за пребарување на Гугл (Google Search Console). Секој корисник што е наведен како ограничен или полноправен корисник на една страница ќе може да создаде ознака за сите статии на таа страница. Потребните чекори се следните:
● Разговарајте со одговорниот за одржување на страницата за да откриете дали вашата страница е веќе на конзолата за пребарување.
● Побарајте од одговорниот да ве додаде како корисник на страницата, или како ограничен или како полноправен корисник.
Имајте предвид дека пристапот им се дава на страниците под точниот назив под кој се наведени во конзолата. На пример, ако во конзолата има два записи за site.com и за factcheck.site.com, тогаш треба да бидете додадени на двете страници, ако сакате да креирате ознаки за двете.
За најчесто поставувани прашања, упатства и дополнителни информации, посетете ја веб-страницата за алатките на Гугл за проверка на факти.
Илустрација во позадина: Photo by Kagenmi from iStock / iStock license