Иако формално-правно не се одобрени како медицински помагала,, до чет-ботовите може да се пристапи 24/7, и да се добие персонализирана поддршка, па дури и когнитивна бихејвиорална терапија.

Сепак, сето ова има две страни, и позитивни и негативни. Корисникот на овој начин се чувствува „заштитен“, односно не мора лице в лице да говори за своите проблеми, а сепак се учи да зборува за состојабата во која се наоѓа. Од друга страна, пак, корисниците може да ги преценат терапевтските придобивки и да ги потценат ограничувањата за користење на таквите технологии, што дополнително може да го влоши нивното ментално здравје.

Ваквиот феномен може да се класифицира како „терапевтска заблуда“ каде што корисниците може да заклучат дека целта на чет-ботот е да им обезбеди вистинска терапевтска грижа, па дури и терапија.

Со чет-ботови со вештачка интелигенција, терапевтските заблуди може да се појават на неколку начини, во зависност од практиките на компанијата и дизајнот на самата технологија за вештачка интелигенција.

„Когнитивната бихејвиорална терапија“ може да биде многу погрешна бидејќи имплицира дека чет-ботовите можат да вршат психотераписка дејност.

Не само што чет-ботовите немаат вештина, обука и искуство на човечки терапевти, туку етикетирањето дека можат да обезбедат „поинаков начин за лекување“ на менталните болести инсинуира дека таквите чет-ботови може да се користат како алтернативни начини за барање терапија.

Освен тоа, чет-ботот не може да го развие истиот терапевтски однос како што можат квалификуваните терапевти, а од друга страна, може да се формира „терапевтска врска“, каде што корисникот гледа свој „соборник“ со чет-ботот, иако чет-ботот всушност не може да формира таква врска.

Иако постојат голем број придобивки, сепак со чет-ботовите кои помагаат во одржување или подобрување на менталното здравје, треба да бидеме многу внимателни. Менталното здравје е нашиот ум, нешто што е толку уникатно, па затоа воведувањето „не-човек“ да им нуди решенија на луѓето во нивната најранлива состојба, честопати може да биде крајно ризично и опасно.

Преку искрен маркетинг и редовни потсетувања, корисниците можат да станат повеќе свесни за ограничените терапевтски способности на чет-ботовите и да се охрабрат да бараат потрадиционални форми на терапија, особено доколку станува збор за посериозни ментални нарушувања. Она што е потребно да се направи како чекор понапред, исто така, е корисниците да имаат точни информации за тоа како се собираат, складираат и користат нивните лични информации.