Оваа техника се однесува на создавање мапа која ќе ти помогне, прво, да нацрташ различни начини за тоа како, кој и зошто се влијае врз однесувањето на твојата целна публика, а потоа да избереш еден од начините што ќе биде најдиректно усогласен со твојата кауза, околу која можеш ефективно да ја изградиш твојата комуникација.
Спремен/а? Ајде да подготвиме мапа која точно ќе го погоди центарот и да започнеме со нашиот потфат!
Чекор еден: ЦЕЛНО ПРАШАЊЕ
Почнуваме од самиот центар на мапата, со поставување на целното прашање. Рецептот за јасно целно прашање е како што следува:
Зошто + микро целната публика сфатена како заедница + нејзиното слободно избрано однесување?
Ако се сомневаш како да го поставиш ова прашање, провери го овој блог пост кој ќе те води чекор по чекор.
Сега можеме, на пример, да го искористиме следново целно прашање: Зошто тинејџерките почнуваат да пијат алкохол?
Откако ќе бидеш подготвен/а со прашањето релевантно за твојата кауза, ајде да ја продлабочиме твојата анализа со пополнување на околните полиња на мапата со некои социолошки набљудувања.
Чекор два: ИНФЛУЕНСЕРИ (ВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЦА)
Започни да размислуваш за луѓе или работи под чие влијание е твојата публика, а во врска со однесувањето што го анализираш.
Кој има влијание врз нашата целна публика?
Вклучи ги и позитивните и негативните влијателни лица и запиши ги на мапата, секој во посебен дел.
За да го следиме примерот на тинејџерките како целна публика, можеме да укажеме на влијателните лица како што се: постарите браќа и сестри, врсниците, медиумите, момчињата итн.
Чекор три: ДОГОВОРЕНИ РЕАЛНОСТИ
Ова е она што микро целната публика верува дека инфлуенсерите мислат кога станува збор за нивното однесување. Размисли за тоа како да гледаш од гледна точка на микро целната публика.
Што мисли твојата целна публика за практикување на слободно избраното однесување, кога е под влијание на оваа специфична група луѓе/ работи?
Додај ги овие информации на мапата во делот поврзан со конкретниот инфлуенсер.
Продолжувајќи со претходниот пример: Конечно можам да се чувствувам опуштено. Пиењето е кул и секси. Заборавам на моите инхибиции кога сум пивната. Не сакам да се издвојам од групата од чиј дел се моите постари браќа и сестри. Сакам да припаѓам.
Чекор четири: ЕМОЦИИ И ЕМОТИВНИ ПРИДОБИВКИ
Последниот чекор е да ги пронајдеш емоциите што ја поттикнуваат твојата публика. Обиди се да откриеш за каква цел им служи избраното однесување. Што добиваат од ваквото однесување?
Како се чувствува твојата целна публика со практикување на слободно избраното однесување во контекст на одреден инфлуенсер?
Што ти кажува за вредностите на твојата целна публика? Што се чини дека е најважно за нив?
Запиши го, тоа ќе ти даде некои корисни насоки за вредностите што може да ги искористиш кога го обликуваш твојот наратив.
На пример, кога се пивнати во друштво на пријателите на нивните постари браќа и сестри, тинејџерките се чувствуваат позрели и поприфатени, еднакви со оние на кои им се восхитуваат. Во случајот на оваа целна публика, една од вредностите, која веднаш се чини дека доминира, е чувството на припадност.
Чекор пет: ИЗЈАВА НА ЦЕЛНА ПУБЛИКА
Кога твојата мапа на целна публика е пополнета, време е да го избереш делот на кој знаеш дека може да имаш најреално влијание. Врз основа на овој дел, можеш да ја формулираш изјавата за целна публика.
Некои ______ (микро целна публика сфатена како заедница) веруваат дека _________ (нивното слободно избрано однесување) прикажано во контекст на ______ (конкретниот влијателен фактор) резултира со ___________ (договорена реалност), така што тие чувствуваат __________ (одредени емоции), и следствено, ја задоволуваат нивната потреба од __________ (емотивни придобивки и вредности).
На пример, нашата изјава за целна публика би била:
Некои тинејџерки веруваат дека со пиењето алкохол може да докажат дека се еднакви со пријателите на постарите браќа и сестри, бидејќи тоа ги прави да изгледаат позрели и покул, и затоа се чувствуваат прифатени.
Штом ја имаш изјавата за твојата целна публика, подготвен/а си дополнително да ја обликуваш твојата комуникација.
Искористи ја оваа изјава како основа за пополнување на твојот наратив со убедителни изјави, за да може да и покажеш на твојата целна публика алтернативни позитивни начини за задоволување на нивните потреби и примена на нивните вредности.
Сакаш да дознаеш повеќе? Придружи се на нашиот бесплатен онлајн курс „Градење позитивни наративи“!