Повторно е тоа време од годината - кога ги разгледуваме нашите навики за лозинки и се потсетуваме на нашите стари информации за најавување на сметките. Денес е 4-ти мај, Светскиот ден на лозинките, а ние во HiveMind ја прославуваме оваа пригода потсетувајќи се на важноста на безбедните лозинки.

Погледнете го ова видео од нашиот експерт за онлајн безбедност, Гоце Арсовски, за да дознаете повеќе:

бр YouTube

Функционални колачиња не се дозволени. Ве молиме сменете ги вашите подесувања за да може да го гледате видеото.

Прифати колачиња

Главните поенти од видеото:

1. Никогаш не ре-употребувајте лозинки

· Погрижете се да не користите само една лозинка за сите ваши најавувања, дури и ако таа лозинка ви се чини дека е супер силна и нема шанси да биде пробиена!

2. Избегнувајте да ги чувате вашите лозинки на лесно достапни локации

· Бидете внимателни каде ги зачувувате вашите лозинки (и физички, но и и дигитално)

3. Размислете за фрази за најавување, наместо обични лозинки

· Пробајте “cats-and-dogs-and-1-RAT-in-a-b0g” наместо “myCat1#!_<3”

4. Размислете за користење менаџери за лозинки и апликации за автентикација

· Менаџери на лозинки често ги чуваат сите информации за најавување внатре во нив – сѐ што треба виде да запомните е една, супер-силна „главна“ лозинка со која ќе се најавите во менаџерот за лозинки!

Ако сакате да дознаете повеќе корисни совети и трикови во врска со вашата дигитална безбедност и сигурност - регистрирајте се на нашиот чекор-по-чекор, бесплатен, онлајн курс:

За авторот

Гоце Арсовски (Северна Македонија) е автор, искусен тренер и консултант за сајбер безбедност. Фокусиран на превенција и ублажување на последиците од социјалниот инженеринг, Гоце ја применува својата експертиза во водењето на организации и лица со висок ризик во воспоставувањето и одржувањето на посигурно дигитално присуство.

Гоце е пасиониран за отворени податоци, транспарентност и демистификација и демократизација на учењето.