Го планирате вашиот претстоен летен одмор? Спакувајте ги кремите за сончање и апостолките, но не заборавајте да го обезбедите вашиот дом пред да се тргнете кон плажата!

Погледнете го ова видео за да дознаете повеќе:

<video>

Главните поенти од видеото:

  1. Никогаш не ги објавувајте вашите планови предвреме

Избегнувајте да споделувате премногу (ако воопшто!) детали за вашето патување, особено на социјалните мрежи. Избегнувајте да споменете работи како:

  • време на поаѓање,

  • времетраење на вашето патување, или

  • објавување селфи со вашиот авионски билет во рака, додека влегувате во авионот.

Исклучете го домашниот интернет

● Проверете дали сте ги исклучиле домашните мрежи додека сте отсутни. Најлесен начин е едноставно да го исклучите напојувањето на вашиот рутер и/или модем.

● Ако сè уште ви треба интернет пристап дома, на пример, за вашите паметни уреди, размислете да ги поврзете со кабли и да ја исклучите вашата Wi-Fi мрежа.

Паметен дом = безбеден дом?

Ако поседувате паметни уреди, проверете дали имаат „away“ режим, или режим за „одмор“ - и поставете го претходно. Пуштањето музика и вклучувањето и исклучувањето на светлата додека сте отсутни може да ги одврати криминалците да влезат во вашиот дом! Ако не поседувате никакви паметни уреди (за кои обично е потребна активна интернет конекција за да функционираат) - слободно исклучете го напојувањето на вашето Wi-Fi. Кој ќе го користи?

Минимизирајте ја вашата активност онлајн

Ограничете ги вашите онлајн активности (особено на социјалните мрежи) додека сте на одмор. Внимателно одберете ја публиката со која ги споделувате прекрасните слики од зајдисонцето.

Ако сакате да дознаете повеќе корисни совети и трикови во врска со вашата дигитална безбедност и сигурност - регистрирајте се на нашиот чекор-по-чекор, бесплатен, онлајн курс:

За авторот

Гоце Арсовски (Северна Македонија) е автор, искусен тренер и консултант за сајбер безбедност. Фокусиран на превенција и ублажување на последиците од социјалниот инженеринг, Гоце ја применува својата експертиза во водењето на организации и лица со висок ризик во воспоставувањето и одржувањето на посигурно дигитално присуство.

Гоце е пасиониран за отворени податоци, транспарентност и демистификација и демократизација на учењето.