Што може да направиш кога си цел на некои активности со омраза и на твојата јавна комуникација се коментира со содржина што шири дезинформации или говор на омраза?
ПРИЈАВИ ја објавата и модераторот на платформата ќе ја провери. Во случај пораката да содржи на пример поттикнување на насилство или закани за насилство, можеш да го пријавиш и во полиција.
ПОБАРАЈ ПОМОШ со контактирање на кампањи како што се на пример „избркај ги троловите“.
ИЗБРИШИ ги сите коментари што содржат вулгарен јазик.
БЛОКИРАЈ ги сметките на троловите за да се осигураш дека не можат да се вратат.
СОКРИЈ ја објавата за коментари.
ИГНОРИРАЈ, не го „храни тролот“. Само продолжи понатаму.
ОДГОВОРИ ако мислиш дека можеш да се вклучиш во дијалог.
ВРАТИ со емотивни пораки.
Ако сакаш да дознаеш повеќе за дезинформациите и што можеш да направиш кога ќе дојдеш во допир со нив, регистрирај се на нашиот бесплатен онлајн курс со самоинтензивна динамика: „Спротивставување на дезинформациите“. Само шеесетте минути потрошени на курсот видливо ќе ти помогнат критички да ги процениш информациите што ги обработуваш секојдневно и да ја зајакнеш твојата дигитална отпорност!