„Моделот на 4D“ е општ образец кој можеме да го следиме во многу различни ситуации кога актерот на закана или дезинформација е соочен со некои неповолни факти, коментари или критика. Тој е развиен од Бен Нимо од дигиталната форензичка истражувачка лабораторија на Атлантскиот совет (DFRLab) врз основа на неговото искуство со анализата на руските операции, но овој модел не е ограничен само на руски дезинформации. Само погледни го моделот на „4D“ и можеме да гарантираме дека веднаш ќе смислиш неколку примери од нашиот сопствен живот:
ОТФРЛАЊЕ: Ако не ти се допаѓа она што го кажуваат критичарите, навредувај ги
Ова е наједноставната и најчестата техника што се применува. Кога некој ќе излезе со вести или коментари кои се неповолни за актерите на дезинформации или закана, ќе ти рече да не го слушаш затоа што... и тука следи некоја форма на навреда. Може да има многу различни начини на навредување, на пример, нарекувајќи некого луд или нечесен, или „странски агент“. На пример, особено сега, во контекст на руската војна, често може да слушнеш дека некој е „русофоб“ и затоа оваа личност ги критикува руските активности. Со оваа техника, важно е да се побие нечија критика со поткопување на неговиот/нејзиниот кредибилитет. Целта е да се замолчи критичарот и да се отфрлат тврдењата или наводите на противникот.
ИСКРИВУВАЊЕ: Ако не ти се допаѓаат некои факти, само изврти ги
Втората техника се заснова на искривување на фактите. Едноставно, ако фактите не одговараат на приказната на противникот, тој/таа си измислува свои факти. Тоа може да се направи со одговори кои содржат „факти“ кои не се поткрепени со никаков доказ или доверливи извори, користејќи лажни фотографии или видеа како „доказ“, но и со искривување на целиот наратив, особено историскиот, правејќи обиди да се фрли поинаква светлина врз некои минати настани, за така тие да ѝ служат на агендата на актерот за дезинформации.
ОДВЛЕКУВАЊЕ ВНИМАНИЕ: Ако разговорот станува непријатен, смени ја темата
Откако разговорот ќе почне да се фокусира на нешто неповолно, една од техниките е да се смени темата. Често може да кажеме дека оваа техника се користи, кога ќе слушнеш: „А што со…?“, како одговор на критиката. Честопати, правењето лажна споредба помеѓу критичарот и оној што е критикуван се користи за да се пренасочи вниманието кон нешто друго, особено нешто што може да ја поткопа довербата и да ја преформулира ситуацијата. Оваа лажна споредба може да започне со „Па види што направи ти во/со…“ и тука имаме несоодветен и неправеден пример што го поттикнува критичарот да го побива обвинението или да ја објасни разликата помеѓу нивното однесување и она што се критикува. Како резултат на тоа, се врши пренасочување од првобитната поента. Целта овде е да се одвлече вниманието на противникот од нивната цел и да се создаде неизвесност, конфузија, па дури и сомнеж во сопствениот кредибилитет.
ЗАПЛАШУВАЊЕ: Ако не ти се допаѓа нечиј план, заплаши го
Друга техника е да ги заплашиш твоите противници, да ја охрабриш опозицијата и, идеално, да принудиш промена на првобитниот курс. Се користи со споделување теории на заговор, исмејување или користење изрази и метафори. Ова е нешто што се користи особено кога треба да се донесат некои одлуки и околу нив се води опсежна дискусија. Користење на застрашувачка реторика, како: „Ако се одлучиш за X, тогаш ќе треба да одговориме со Y“ - реторика што многу ја слушаме во последно време. Целта овде е да се исплашат луѓето толку многу што нема да бидат подготвени да го реализираат она за кое зборуваат.
Како може моделот на 4D да ти користи?
Моделот претставува четири стандардни начини на кои актерите на дезинформации ќе се обидат да одговорат на критиката. Можеш да го користиш и за да анализираш што прават и да им објасниш на луѓето како функционира. Исто така, помага да предвидиш што следно може да направат сторителите. Откако ќе предвидиш што ќе кажат, можеш да почнеш да размислуваш како да се осигураш дезинформацијата да не се реализира или прошири.
Значи, да го примениме овој модел во пракса…
Можеш ли да ги препознаеш овие четири техники користени во информативната војна што се случува токму сега, особено во контекст на руската инвазија на Украина? Истите техники ги користат и други актери на дезинформации. Само одвој една минута за да анализираш која било дадена дискусија на тема која предизвикува поделби и ќе можеш да го увидиш образецот.