Учи во свое темпо, кога сакаш

Уште денес запиши се на твоите први курсеви! Подолу ќе најдеш листа на достапни курсеви

"Справување со дезинформации"
Во овој курс ќе научиме како да разликуваме помеѓу различни типови на дезинформации и како да се избегнат замките какви што се ехо коморите, поларизацијата и пропагандата. Уште повеќе, со вас ќе ги споделиме суштинските познавања и алатки за поефикасно справување со нив, на пример, микро-таргетирањето и стратегиите за убеливи комуникации или како да се изградат моќни приказни и наративи. Конечно, амбицијата е дека Вие ќе станете свесни и ќе научите како да стекнете цврстина „кога ќе дојдат по вас.“ Можете да се регистрирате овде!

"Градење позитивни наративи" 
Преку овој курс вие ќе можете да согледате и научите како и зошто приказните и наративите ги прават дезинформациите популарни и уверливи. Исто така ќе научите како да се спротивставите на разни опасни верувања и однесувања но и ќе се стекнете со знаења кои ќе ви помогнат да ги искористите социјалните медиуми во ваша корист односно за промовирање на вашите наративи. Ќе имате можност да научите важна терминологија и дефиниции врзани со дезинформации, без разлика дали се тие со намера или без намера да нанесат штета, дали се манипулирана содржина или пак злонамерна одмазда. Преку убедување, техника за мапирање како и преку основните елементи на една приказна вие ќе научите како да стигнете до специфична публика и како да креирате моќна приказна. Можете да се регистрирате овде!

"Размислете повторно: Самоиницијативенкурс за Медиумска писменост" 
Секојдневно добивате голем број информации. Од пријателите, преку Фејсбук и Твитер, од вашето омилено шоу на Јутјуб или од медиумите. Како  знаете дека овие информации се вистинити и точни? Да се биде медиумски писмен значи способност да се препознаат и избегнат манипулациите. Никој не се раѓа медиумски писмен. Медиумската писменост е вештина. Можете да ја развиете. За почеток, поминете  го овој бесплатен курс за да развиете таква способност!! Можете да се регистрирате овде!

"Дигитална Безбедност и Сигурност"
Целта на курсот е да ги опфати основните концепти за сајбер безбедност, државниот надзор, сајбер-криминалот, како и специфичните начини како да се моделираат заканите користејќи рамка развиена од Electronic Frontier Foundation - EFF. Ќе научите како да развиете овластен начин на размислување кон подобрување и вреднување на приватноста и безбедноста, ќе ја разберете важноста на широк опсег на закани за приватноста и безбедноста и како да ги примените основните техники за заштита на дигиталната безбедност. Можете да се регистрирате овде!

Сметаме дека учењето треба да биде на теми кои се важни за денешницата и утрешнината и дека секогаш треба да е вкоренето во контекст. Ако живееме во информатичко доба, тогаш нашата способност да синтетизираме и користиме информации ќе ја одреди нашата индивидуална благосостојба и просперитет во годините што доаѓаат. Затоа нашите експерти дизајнираат курсеви на теми кои се важни за нашиот секојдневен живот. Од пронаоѓање смисла во вестите на интернет, до заштита на твојата дигитална лична приватност или приватноста на твојата организација.
 
Курсевите Hive Mind имаат за цел да ги подобрат твоите вештини за критичко размислување, да го продлабочат твоето разбирање на механизмите зад дезинформациите, да ти покажат како да ја преземеш контролата врз твојата изложеност на интернет, но исто така и начини на користење технологија за создавање позитивни промени и мобилизирање поддржувачи за твојата кауза. 
 

За едукатори: Простор за учење Hive Mind
Курсевите Hive Mind се курсеви со самостојно темпо за учениците да ги унапредат своите вештини на медиумска писменост. За едукаторите, постои онлајн простор за учење каде што обучувачите и едукаторите можат да станат соработници и да го прошират својот опфат на нови ученици. Овој простор ти овозможува да се поврзеш со други практичари за да споделиш вештини, најдобри практики и многу повеќе. Сметаме дека дигиталната трансформација е од клучно значење за сите обучувачи чии групи секој ден сè повеќе преминуваат на онлајн канали.
.

Благодариме!

We will keep you in the loop and reach out once the course is here!