Факт
Во последниве години се забележува зголемување на користењето на VPN-технологијата и нејзините апликации се обемни. Ако сте го виделе овој термин, но не сте сигурни што значи или дали имате потреба од него, тука имате објаснување. Акронимот VPN значи „Виртуелна приватна мрежа“. Во суштина, се воспоставува врска помеѓу вашиот уред и оддалечениот сервер, создавајќи „тунел“ што ги шифрира вашите лични податоци, ја маскира вашата IP-адреса и ви овозможува да заобиколите одредени интернет-блокови.
Metamorphosis Foundation | 5 min read | Nov 29, 2024
Децата и младите растат во светот на различните медиуми. Тие во слободното време играат компјутерски игри, се информираат и се поврзуваат на интернет и комуницираат со своите пријатели преку мобилните телефони. Веќе 98 проценти од 12 до 19 години имаат свој паметен телефон и со тоа имаат интернет в џеб. Сепак, дури и децата од предучилишната возраст сè порано доаѓаат во контакт со дигиталните медиуми.
Дигиталните медиуми не нудат само можности, туку носат и ризици.
Metamorphosis Foundation | Nov 25, 2024
Експертите се согласуваат дека технологијата го менува нашиот мозок – тој факт не е оспорен. Но, она што е дискутабилно е како технологијата го менува нашиот мозок. Не можеме да кажеме дека сè е лошо или сè е добро кога станува збор за технологијата и за нејзините ефекти врз нашиот мозок.
Metamorphosis Foundation | 5 min read | Nov 25, 2024
„Четботовите не ја прават дистинкцијата во однос на луѓето и нивната сензитивност, различност и систем на вреднување. Тоа, често може да доведе до алгоритамска грешка. Тука е опасноста во дозволувањето на четботот да одлучува наместо нас“, вели психологот и психотерапевт Марија Стефанова
Metamorphosis Foundation | 14 min read | Nov 7, 2024
Една неодамнешна студија од Универзитетот „Лудвиг Максимилијан“ во Минхен фрли светлина врз растечката загриженост во светот на новинарството: разбирливоста на написите во вестите генерирани од вештачката интелигенција (ВИ). И покрај напредокот во вештачката интелигенција, студијата покажа дека читателите сè уште претпочитаат традиционално креирани вести.
Metamorphosis Foundation | 4 min read | Nov 4, 2024
Во денешното општество, под влијание на социјалните медиуми, мамката на онлајн тенденциите често може да доведе до дејства со опасни последици. Тикток е платформа за социјалните медиуми преку која корисниците можат да креираат, да споделуваат и да гледаат кратки видеа.
Metamorphosis Foundation | 6 min read | Nov 4, 2024
„Слободата на медиумите е неотуѓиво право“ според Етичкиот кодекс на новинарите е едно од основните начела на новинарството, а секој новинар треба да биде целосно свесен дека „Основната должност на новинарите е да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана, согласно член 16 од нашиот Устав.
Metamorphosis Foundation | 14 min read | Oct 29, 2024
Кога се работи за читање повеќето би избрале лесни забавни содржини, но за оние кои се заинтересрани за нешто подлабоко имаме одлична препорака.
Metamorphosis Foundation | 2 min read | Oct 29, 2024
Студентска забава во Скопје пролетва доби неочекуван пресврт кога пуштањето на албанска песна при крајот на настанот предизвика полемики и говор на омраза на социјалните мрежи. И покрај инклузивниот карактер на организацијата што брои членови од различно етничко потекло, националистичката група наречена „Патриотско друштво“ на Инстаграм, која себеси се претставува како „млада амбициозна група од патриоти исполнети со ентузијазам“, го критикуваше пуштањето на песната на албански јазик, што распламти говор на омраза насочен кон студентската организација.
Metamorphosis Foundation | 12 min read | Oct 29, 2024
Посочувањето дека некој друг не е во право е дел од животот. А новинарите треба да го прават тоа постојано - нивната работа вклучува помагање да се одреди она што е вистина од она што не е. Но, што ако на луѓето едноставно не им се допаѓа да бидат коригирани и да им биде посочувано дека не се во право? Никој не се чувствува пријатно кога ќе му биде кажано – ова што го тврдиш е невистина.
Metamorphosis Foundation | 6 min read | Oct 29, 2024
Ширењето на дезинформациите е разбирлива човечка појава. Даниел Канеман, психолог кој ја доби Нобеловата награда за економски науки, го воведе концептот „WYSIATI“ - What you see is all there is („Она што го гледате е сè што постои“), што значи дека луѓето имаат тенденција да не го бараат она што не го гледаат.
Metamorphosis Foundation | 8 min read | Apr 23, 2024
Дали кога гледате филм, само врз основа на името на филмот носите заклучок за што станува збор, како ќе се одвива сценариото, каков ќе биде крајот? Не, туку одвојувате најмалку час и половина, оставате филмот да ве носи, да ви ги менува заклучоците, сè додека не стигнете до самата завршница.
Meri | 8 min read | Jan 24, 2024
Напливот на медиумски содржини во интернет просторот понекогаш доведува како читатели да трагаме по информации кои се поразлични од останатите. За јавноста е исклучително важно да се “открие” нешто ново, кое доведува до свежи информации за одредени важни општествени теми или прашања од личен интерес за поединецот. Сепак, понекогаш позади „новото“ стојат бомбастични наслови, спектакуларни тврдења непоткрепени со докази, непотврдени или неофицијални информации, како и дезинформации, кои можат да направат поголема штета отколку да доведат до позитивна промена во општеството.
Бојан Блажевски | 7 min read | Jan 11, 2024
За медицинските лица чија основна дејност е грижата за менталното здравје не е никаква тајна дека изложувањето на детали за извршено самоубиство, директно или преку медиумите, ја зголемува шансата за суицидно однесување кај други поединци. За овој феномен дури постои и термин - заразно самоубиство.
Meri | 10 min read | Jan 11, 2024
Ковид-19 беше намерно измислен за да се уништи човештвото. Со вакцините против ковид-19 се обидуваат да нè чипираат. ХААРП предизвикува невреме и поплави. Човекот никогаш не стапнал на Месечината. Белата патека која авионите ја оставаат зад себе додека летаат се всушност отрови со кои нè прскаат.
Meri | 10 min read | Dec 13, 2023
Концептот „размисли пред да кликнеш“ е еден од најважните фактори во однос на безбедноста на информациите. Ова се однесува на сето она што ви се нуди на социјалните мрежи, на рекламите кои ви се појавуваат додека читате одреден текст на некоја веб-страница, на линковите кои „ви велат“ да ги отворите додека гледате некое Јутјуб видео и слично.
Antonija Popovska | 4 min read | Dec 13, 2023
Глобалната новинска агенција Асошиејтед прес (АП) е пионер во користењето на вештачката интелигенцијата во медиумите. Уште во 2014 година, економската редакција на оваа новинска агенција започна да ја користи вештачката интелигенција за да ја автоматизира изработката на текстовите за корпоративните добивки на компаниите.
Бојан Блажевски | 11 min read | Dec 12, 2023
“Добриот робот” е феминистички и технолошки поткаст создаден од д-р Елинор Дрејџ и д-р Кери Мекинерни каде што ги прашуваат експертите: што е добра технологија? Дали е воопшто возможна „добрата“ технологија? И како може феминизмот да ни помогне да работиме кон истата? Секоја недела, тие покануваат научници, индустриски практичари, активисти и ја изнесуваат својата уникатна перспектива за тоа како може да придонесе феминизмот во технолошката индустрија и за начинот на кој размислуваме за технологијата. Со секој разговор, “Добриот робот” прашува како може феминизмот да обезбеди нови перспективи за најголемите проблеми на технологијата.
Marijana Jancheska | 2 min read | Dec 12, 2023
Мислите дека го гледате претседателот на Украина Володимир Зеленски како зборува и им кажува на своите војници да го положат оружјето и да ја предадат борбата против Русија. Ликот е тој, фацијалните експресии се тие, тој ја отвора устата онака како што зборува, но сепак, тоа не е вистината. Видеото е лажно.
Meri | 8 min read | Nov 8, 2023
Техниките на дезинформација се многубројни, но сите тие можат да потпаднат во една од овие четири категории: отфрлање, искривување, одвлекување внимание или заплашување. Ова е правилото кое ќе ти помогне да препознаеш, предвидиш и да се подготвиш да се спротивставиш на дезинформациите.
Hive Mind | Apr 11, 2022
Знаењето за дезинформациите е поважно сега од кога било. Критичкото размислување е клучно и вреди да се поддржи со знаење како да се препознаат различните форми на информациски неред.
Hive Mind | Mar 2, 2022
„Балканската историја е обликувана од територијалните амбиции и спорови од последните сто години, со што е настаната ситуација на ‘нулта сума’ – поим од теоријата на игри, кој подразбира дека ако едниот играч добива, друиот автоматски мора да изгуби“, вели проф. д-р Кит Браун во интервју за „Критинк“ кое „Мета“ го пренесува во целост. Во интерјвуто, покрај другото, Браун зборува за улогата на критичкото мислење во науката и, особено, во изучувањето на историјата.
Hive Mind | Mar 25, 2021